Европската унија нема да дозволи други земји да ги напаѓаат нејзините суверени граници, рече шефот на француската дипломатија, одговарајќи на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за преземање контрола врз Гренланд.
Европската унија нема да дозволи други нации да ги напаѓаат нејзините суверени граници, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро како одговор на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Гренланд во врска со „сопственоста и контролата“ на огромниот арктички остров што е дел од Данска повеќе од 600 години.
Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен во врска со посетата на синот на Доналд Трамп на арктичкиот остров, откако неговиот татко предложи приклучување на територијата кон САД.
Најстариот син на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп пристигна во приватна посета на Гренланд што ги засили шпекулациите дека идната американска администрација би можела да се обиде да ја преземе контролата врз данската територија.