Кога се чинеше дека првото полувреме ќе заврши без голови, Омерагиќ убаво спушти една топка до младиот Данев кој даде гол за водство на Вардар од 1-0. Во второто полувреме Вардар тргна кон втор погодок и тоа се случи во 50. минута, по додавање од Закариќ, Мато постигна прекрасен гол за предност од 2-0. Изгледаше дека Вардар има апсолутна контрола на натпреварот, но во 66. минута Булатовиќ даде гол, Пелистер намали на 2-1 и комплетно се врати во игра. 24фудбал