Ненад Димитријевиќ влегува во топ-форма и во дресот на Олимпија Милано, откако по двомесечната адаптација македоснкиот репрезентативец сега се наметнува и како лидер во новиот клуб.
По извонредното издание во евролигашката победа над Реал Мадрид, Македонецот блесна и на денешниот дуел со Венеција во италијанското првенство, носејќи победа на својот тим од миниминални 79-78. Милано во минатото коло од италјанското првенство беше демолиран од Тренто со 91-57, меч што Димитријевиќ го пропушти поради ситна повреда, но нашиот ас игра маестрално по камбекот.