Ова успеа да го направи четири минути подоцна, Митев од седум метри и Велковски од контранапад намалија на 25-23. Рунар остана со играч помалку, но на голема среќа на средината на второто полувреме не искористи напад да дојде на нови плус пет, Џонов постигна важен гол за 28-25. После серија на грешки на двете страни, Серафимов во 48. минута намали на 28-26. На стартот на 50-та минута, при 29-26, Галевски запиша две важни одбрани, но Алкалоид не претвори ниту еден напад во погодок.