Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, откако во драматичен натпревар славеше победа над Томи Пол од Соединетите Американски Држави со 3-1. Во сетови беше 7-6/1, 7-6/0, 2-6, 6-1. Вториот играч на планетата својата петта победа во Мелбурн ја забележа за нешто повеќе од три ипол часа, а следен ривал ќе му биде подобриот од големото дерби меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.
Германскиот тенисер Александар Зверев утринава го победи Американецот Томи Пол во четвртфиналето на Австралија опен 2025 година со резултат 7:6 (7:1), 7:6 (7:0), 2:6, 6:1. Мечот траеше 3 часа и 44 минути.