Лазар Ристовски за прв пат одржа мастерклас на „Преку езерото“: Сознанието дека глумата е нешто што е вистинско, што е стварно, е голем товар за понатамошно занимавање со оваа професија 13:43, август 8, 2025 Во рамките на програмата на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ кој се одржува во Дојран, годинешниот лауреат на наградата „Мето Јовановски“, српскиот актер, Лазар Ристовски за прв пат одржа мастерклас на тема „Aктерството во уметноста на филмот и местото на актерот во филмската индустрија денес“.Во Музејот на Град Дојран, Ристовски го сподели неговото прво искуство со актерството кога снимале филм со негов колега.
Лазар Ристовски, годинешниот лауреат на наградата „Мето Јовановски“, што ја доделува фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“, денеска на прес-конференција изрази благодарност за високотo признание и жалење што никогаш не работел на проект заедно со Мето Јовановски, чие име ја носи наградата што му ја додели фестивалот.