Авторка е на три објавени книги: „Бдеењето над себе“ (роман; Битола: Нов Вавилон, 2018), „Не правете им сенка на гробвите“ (збирка раскази; Скопје: Антолог, прво издание 2020, второ издание 2021), „Излегувањето од сенка – Тајното женско училиште (роман; Скопје: Антолог, 2023). Авторка е на многу есеи и раскази кои се објавувани во неколку книжевни списанија (Современост, Литературен збор, Репер, Блесок, Окно, Медуза, Млади македонисти, Премин). Во 2023 година за нејзинот расказ „Рош хашана“ ја добива првата награда на конкурсот распишан од Фондот на холокаустот во Македонија.