Изданието е двојазично, на македонски и на англиски јазик, а со него, за првпат, на ваков начин, се афирмира самостојниот развој и пат на македонското античко градителство, коешто иако користи дел од искуствата и дострелите на хеленската цивилизација и на останатите антички држави со кои дошла во контакт Македонија, има во себе доволно елементи за да може да се воведат и полнозначно да се користат термините „Македонска античка архитектура“ и „Македонски урбанизам“.
„Матица македонска“ ја објави монографијата „Античка македонска архитектура и урбанизам“ од Меланија Шерденковска.