Ние како чинители сме мала држава, но јасно сме ја осудиле руската агресија и се што оди во прилог на мир и да се заштитат интегритетот и границите на Украина ние го поддржуваме, кажа првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити прашан за позицијата на државата во однос на преговорите за мировно решение за агресијата во Украина и дали се согласува ЕУ да биде на маса бидејќи разговори се најавуваат само меѓу САД и Русија.
Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити вели дека во фокус им е владината програма каде што има утврдени столбови и според него нема преговори за химната и државниот грб.
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека не се водат преговори во однос на химната и грбот, но и дека нема ни табу теми, и се разговара за се што е во интерес на граѓаните и државата.
Обвинителството и полицијата да кажат зошто не го повикале Ахмети кој точно знае каде е Груби, вели Меџити Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на новинарско прашање зошто лидерот на ДУИ Али Ахмети не е повикан во Обвинителството и во полиција ако е сигурен дека тој е во секојдневна комуникација со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство, кажа дека адресата за тоа прашање се двете спомнати институции.