Министерството за внатрешни работи (МВР) ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претресот во Демир Хисар, констатирало непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар.
Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска, е уште една потврда дека режимот се врати, реагира СДСМ: „Ова е сликата на секој режим, полиција ставена во функција на политички притисок и незаконско разрешување на директорка во средно училиште, со единствена цел пред избори да постават партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба од Основен суд Битола вчера извршиле претрес во домот на М.Л. (57) од Демир Хисар, како и во службените простории во средно училиште кои ги користел, информираат од МВР.
Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности од своја надлежност за што дополнително ќе ја известиме јавноста.