1 (5) ■ вести > свет ■ 27-Mar 22:20 -> 27-Mar 23:12
.
.
.

Кралот Чарлс хоспитализиран, откажани сите активности

  • Кралот Чарлс примен во болница, откажани сите утрешни настани

Кралот Чарлс Трети беше принуден да откаже серија ангажмани откако денеска беше примен во болница поради несакани ефекти за време на лекувањето од рак, соопшти Бакингемската палата.

Британскиот крал Чарлс завршил во „краток период на набљудување во болница“ во четвртокот, откако утринава доживеал „привремени несакани ефекти“ од лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

2 (7) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Mar 20:44 -> 27-Mar 22:56
.
.
.
.

Филипче: Страшна трагедија која целата нација ја стави во состојба на шок

  • Филипче: На лидерска средба ќе предложам конкретен план, да го направиме тоа што треба за државата и за семејствата од Кочани

Тоа е страшна трагедија која целата нација ја стави во состојба на шок и ние треба од тоа да извлечеме поука што треба и како треба да делуваме понатаму за да спречиме такви трагедии, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче во гостување на Донаторската вечер со телефонски јавувања за помош на настраданите во несреќата во Кочани што ја организираше ТВ Канал 5. Порача дека е исклучително важно да се биде до луѓето кои претрпеле големи загуби и да им се даде психолошка поддршка и добро е, рече, што Клиниката за психијатрија има амбуланти во Кочани за стручна помош на семејствата.

Во Кочани се случи една страшна трагедија која што целата нација ја стави во состојба на шок и сите ние треба да извлечеме поука како треба да делуваме понатаму за да се спречат вакви трагедии, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, кој во вечерва се вклучи во солидарната акција- Телетон „Канал 5 и Македонија за Кочани”.

5 (39) ■ вести > свет > регион ■ 25-Mar 11:23 -> 27-Mar 21:59
.
.
.
.

Судот на БиХ побара распишување меѓународна потерница по Додик и Стевандиќ

  • На Додик му е испратена копија од пресудата, има рок од 15 дена за жалба

  • Додик во Израел: Јас и Нетанјаху сме жртви на политички прогон

  • (ВИДЕО)Напад врз Израел за време на посетата на Милорад Додик: Снимени експлозии над неговата глава

Судот на Босна и Херцеговина побара распишување меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик, и за претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, откако ја преминале државната граница, а по нив има распишана внатрешна потерница, пишува „Кликс.ба“.

Судот на Босна и Херцеговина потврди дека на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик му била испратена писмена копија од пресудата со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност, па тој и неговата одбрана сега имаат 15 дена да поднесат жалба.

Претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој престојува во Израел и покрај потерницата што е распишана по него во БиХ, изјави дека, иако се соочува со кривично гонење, нема да се откаже од својата политика.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, престојува во Израел, а додека тој даваше изјава во Кибуц Бери, се случи напад, најверојатно од Газа, кога беа лансирани два проектила.

6 (28) ■ вести > свет > украина ■ 25-Mar 08:37 -> 27-Mar 22:09
.
.
.
.

Макрон: Безбедносните сили ќе бидат распоредени во Украина по мировниот договор

  • Макрон: Предложените европски воени сили во Украина би можеле да дејствуваат доколку Русија ги нападне

  • Париз: Денеска се оддржува самит на Коалиција на подготвените за мир и безбедност во Украинa

Емануел Макрон најави дека „силите за поддршка на безбедноста“ во Украина ќе дејствуваат како безбедносна гаранција и ќе бидат распоредени следниот ден по постигнувањето на мировниот договор.

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека предложените европски воени сили, кои на крајот ќе бидат распоредени во Украина, врз основа на потенцијалниот мировен договор, би можеле „да одговорат на рускиот напад“ доколку Москва го започне.

Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвени “ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во последните недели.

10 (24) ■ вести > свет ■ 25-Mar 07:42 -> 27-Mar 18:33
.
.
.
.

Зеленски: Клучно е САД да не го извлечат Путин од политичката и економска изолација

  • Зеленски: Американците сакаат да бидат посредници и да им покажат на Русите дека се во средина

  • Зеленски: Русија успеа да влијае на луѓето во Белата куќа

Клучно е САД да не го извлечат рускиот претседател Владимир Путин од политичка и економска изолација, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во разговор за „Eurovision News“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „Американците сакаат да им покажат на Русите дека се во средината“ и дека американскиот тим не го крие фактот дека сака да биде посредник и дека не стои на една од завојуваните страни.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека верува оти Русија успеала да влијае на луѓето во Белата куќа.

11 (8) ■ вести > македонија ■ 27-Mar 16:49 -> 27-Mar 20:36
.
.
.
.

ТУРСКИОТ ГИГАНТ МКЕ ЌЕ ОТВОРИ ФАБРИКА ЗА БАРУТ ВО МАКЕДОНИЈА Ново поглавје во соработката во одбраната меѓу двете земји

  • Потпишан Меморандум за соработка меѓу АТС Груп и турската МКЕ кој вклучува отворање на фабрика за производство на барут во земјава

Единствената македонска компанија од одбранбената индустрија АТС Груп, попладнево потпиша Меморандум за соработка со МКЕ – најголемата државна компанија од индустријата на Турција, кој опфаќа отворање на нова фабрика за производство на барут во Северна Македонија, со заеднички инвестиции на двете страни.

Единствената македонска компанија од одбранбената индустрија АТС Груп, попладнево потпиша Меморандум за соработка со МКЕ – најголемата државна компанија од индустријата на Турција, кој опфаќа отворање на нова фабрика за производство на барут во Северна Македонија, со заеднички инвестиции на двете страни.

12 (14) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 27-Mar 13:02 -> 27-Mar 17:48
.
.
.
.

МВР: Лишен од слобода насилникот од објавеното видео на ТикТок, поднесена кривична

  • Тепаната жена од снимката на „Тикток“ не сака да го гони насилникот од Радовиш, а без тоа тој не може да сносни одговорност, вели МВР

МВР информира дека по видео записот кој беше споделен на социјалните мрежи, во кој се гледа како маж насилно се однесува кон жена, СВР Струмица ги презеде сите службени дејствија кои се во надлежност на полицијата поврзани со овој случај и насилникот е лишен од слобода.

„Во врска со видео записот кој беше споделен на социјалните мрежи, а во кој се гледа како машко лице насилно се однесува кон женско лице, МВР ја известува јавноста дека СВР Струмица ги презеде сите службени дејствија кои се во надлежност на полицијата, поврзани со конкретниот случај, и насилникот е лишен од слобода.

Повеќе од
оваа категорија

51 (27) ■ спорт ■ 25-Mar 11:36 -> 27-Mar 23:12
.
.
.
.

Познато кога конечно Ѓоковиќ ќе заигра против Корда

  • Ѓоковиќ го победи Музети и се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами

  • Ѓоковиќ нема да го игра четвртфиналниот меч на мастерсот во Мајами!?

Натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Себастијан Корда требаше да се одигра во ноќта меѓу среда и четврток, но на крајот не се одржа.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами, откако рано утринава го совлада Италијанецот Лоренцо Муци со резултат 2:0, во сетови 6:2, 6:2 и го продолжи патот до седмата титула во Мајами.

Новак Ѓоковиќ со синоќешната убедлива победа против Мусети (6-2, 6-2) обезбеди место во четвртфиналето на мастерсот во Мајами, каде што треба да се соочи со Себастијан Корда, дуел кој е под знак прашалник поради повреда на американскиот тенисер.

Повеќе од
оваа категорија

209 (4) ■ бизнис > економија ■ 26-Mar 13:43 -> 26-Mar 14:36
.
.
.
.

ЕУ ПЛАНИРА ОТСТАПКИ ОД ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ ЗА УВОЗ НА ЧЕЛИК - Украина е меѓу нив, како и земјите дел од ЕЕА

  • ЕУ предвидува исклучоци од најавените заштитни мерки за увозот на челик

Новите заштитни мерки за увозот на челик во ЕУ, што вчера ги најави Европската комисија, нема да важат за земјите чиј удел во увозот е помал од три отсто, за Украина, како и за државите кои се дел од Европскиот економски простор (ЕЕА) – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, изјави портпарол на ЕК. - Заштитните мерки се однесуваат на сите трети земји, освен на земјите во развој чиј удел во увозот од ЕУ во дадената категорија производи е помал од три отсто, Украина и државите од ЕЕА - информира портпаролот.

Новите заштитни мерки за увозот на челик во ЕУ, што вчера ги најави Европската комисија, нема да важат за земјите чиј удел во увозот е помал од три отсто, за Украина, како и за државите кои се дел од Европскиот економски простор (ЕЕА) – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, изјави за МИА портпарол на ЕК. – Заштитните мерки се однесуваат на сите трети земји, освен на земјите во развој чиј удел во увозот од ЕУ во дадената категорија производи е помал од три отсто, Украина и државите од ЕЕА – информира портпаролот.