Управата за јавни приходи спровела 154 теренски контроли за фискализација во периодот од 21 до 27 јули годинава, насочени кон различни типови деловни субјекти.
Во периодот од 21 до 27 јули 2025 година Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 154 теренски контроли за фискализација насочени кон разни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе-барови, слаткарници, колонијали, продавници за облека и накит, месарници, цвеќарници, рибарници, туристички агенции, хотели и други трговски објекти за продажба на мало.