Општина Центар целосно ги поддржува учениците, родителите и раководството на ООУ „11 Октомври“ за соодветно и институционално решавање на случајот со ученикот кој бил префрлен од ООУ „Лазо Ангеловски“ без претходно известување дека станува збор за дете со проблематично однесување.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите релевантни институции – Државниот просветен инспекторат, Министерството за образование и наука и засегнатите училишта – итно да седнат на заедничка маса и да најдат одржливо решение. Libertas