Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Брисел, од каде се огласи вечерва, истакнувајќи дека Владата останува фокусирана на реформи и подобри услови за живот.
„Денеска овдека сме да ја испратиме онаа порака која што до сега ја испраќавме, а тоа е дека македонската Влада останува фокусирана на реформи, останува фокусирана на обезбедување подобри услови за живот на македонските граѓани и нормално наша главна цел останува да биде полноправно членство на нашата Македонија во рамките Европската Унија. Mk