1 (15) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 21-Feb 15:58 -> 23-Feb 17:44
.
.
.
.

Почина 21-годишен затвореник од Штип - во болница однесен со знаци на труење

  • Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење

Вчера во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено - поправната установа Затвор Штип со знаци на труење бил донесен осуденикот Е.А.(21) од Штип, кој по кратко време починал.

Двесет и едногодишен осуденик од Казнено – поправната установа Затвор Штип вчера починал, соопшти МВР.

6 (58) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Feb 09:36 -> 23-Feb 16:39
.
.
.
.

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

  • (ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

  • СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

  • СДСМ: Очајните спинови за Ордановски, нема да го покријат скандалот со вработувањата на Меџити

„Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата а Мицкоски молчи.

„Изет Меџити подготвува робусна акција-најголеми партиски напад врз институциите досега со 3.000 нови партиски вработувања во државната администрација.

Со изјавата на Изет Меџити, партнерот на Мицкоски, дека планира две до три илјади вработувања на партиски кадри во администрацијата, се потврдува тезата на СДСМ дека се случува масовна партизација од страна на ВЛЕН во сите институции.

ВМРО-ДПМНЕ е во очај од скандалот кој ја тресе владата и 3.000 партиски вработувања кои ги планира Изет Меџити, а за кои Мицкоски молчи, велат од СДСМ.

9 (8) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Feb 08:06 -> 23-Feb 15:47
.
.
.
.

Домчето во Ченто повторно ќе стане центар на култура

  • „Каде што срцето е дома“ – почетокот на реконструкција на Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто

Домот на културата „11 Октомври“, лоциран во паркот во Ченто, моментално се реконструира, а по обновата е планирано да се простира на 1.000 метри квадратни, да има три нивоа, да биде енергетски ефикасен и целосно инклузивен со лифт и тоалети за лица со атипичен развој, со капацитет за 180 гледачи.

Министерството за локална самоуправа продолжува со теренските посети на општините насловени „Каде што срцето е дома“ со цел преку директни средби, размена на искуства, идеи и предлози, да се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат општините и заеднички да се изнајдат решенија за нивно надминување во насока на поголем напредок.

10 (10) ■ вести > македонија ■ 21-Feb 13:43 -> 23-Feb 12:18
.
.
.
.

Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните

  • Божиновска во посета на Бирото за метрологија: Точните и доверливи мерења се основа за економскиот развој

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска бара, во најкус можен рок Бирото за метрологија да ја стави во функција софистицираната опрема за тестирање и верификација на броилата, која поради неажурност во претходните години останала неискористена и не била ставена во функција.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска го посети Бирото за метрологија, орган во состав на Министерството, со цел да се запознае со тековните активности и предизвици на оваа институција.

18 (40) ■ вести > свет ■ 21-Feb 07:48 -> 23-Feb 13:44
.
.
.
.

Хамас: Тврдењето на Израел за понижувачки церемонии за предавање на заложниците е лага и изговор

  • Израел го одложи ослободувањето на палестинските затвореници поради „понижувачките церемонии“

  • Израел: Хамас го прекрши договорот, ова не е телото на мајката на двете момчиња

  • Израел: Хамас брутално ги уби двете деца заложници

Палестинската милитантна група Хамас ја осуди одлуката на Израел да го одложи ослободувањето на палестинските затвореници, велејќи дека тврдењето на израелските власти за „понижувачките“ церемонии за предавање на заложниците на Хамас е лага и изговор за избегнување на обврските што произлегуваат од договорот за прекин на огнот во Газа.

Израелските власти утрово соопштија дека го одложуваат ослободувањето на повеќе од 600 палестински затвореници како дел од размената со Хамас додека не добијат гаранции дека ќе бидат прекинати „понижувачките церемонии“ што Хамас ги одржува при предавањето на заложниците, пишува „Тајмс оф Израел“.

Едно од четирите тела што вчера беа вратени од Газа во Израел не е на заложникот Шири Бибас, како што тврдеше Хамас, соопшти израелската војска, пренесува Би-би-си. Веста дека Шири Бибас (33) и нејзините синови Ариел и Кфир, кои сега би имале пет и две години, се мртви, предизвика бран тага во Израел.

Израел го обвини Хамас дека ги уби двете деца Ариел и Кфир Бибас, кои беа заложници во Појасот Газа и оти било предадено тело на друга персона наместо на нивната мајка Шири.

Повеќе од
оваа категорија

13 (4) ■ спорт > фудбал ■ 23-Feb 15:21 -> 23-Feb 17:25
.
.
.

Пуштени во продажба билетите за натпреварот Лихтенштајн - Македонија

  • Продажба на билети за македонски навивачи кои сакаат да го следат мечот на Македонија со Лихтенштајн во Вадуц

Македонската фудбалска репрезентација на 22 март во Вадуц ќе го игра натпреварот против Лихтентшајн во квалификациите за СП 2026, а билетите за овој дуел се веќе пуштени во продажба.

Фудбалската федерација на Македонија информира дека билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Лихтенштајн – Македонија кој ќе се одигра на 22. март на стадионот во Вадуц, Лихтенштајн се пуштени во продажба преку платформата на Фудбалската федерација на Лихтенштајн: www.heimspiel.li Поддржувачите на македонската репрезентација можат да купуваат билети во секторот од стадионот наменет за гостински навивачи (вкупно 1232 места) по цена од 15 швајцарски франци.

Повеќе од
оваа категорија

107 (8) ■ бизнис > економија ■ 21-Feb 12:46 -> 22-Feb 08:00
.
.
.
.

ВРАБОТЕНИТЕ ВО АВИО-ТРАНСПОРТОТ ГИ ПРЕТРКАА ПРОГРАМЕРИТЕ Во декември зеле просечна плата од 136.702 денари

  • Просечната нето-плата во декември била 43.587 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани изнесувала 43.587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9%, соопшти Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември лани изнесувала 43.587 денари, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците, индексот на просечната исплатена нето-плата по вработен, во однос на декември 2023 година, изнесува 109.0, а зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите административни и помошни услужни дејности (13.2%), транспорт и складирање (12.3%) и рударство и вадење на камен (12.0%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец пак, е забележано во секторите рударство и вадење на камен (13.4%), административни и помошни услужни дејности, градежништво (7.0 %) и финансиски дејности и дејности на осигурување (5.6%). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен пак, во декември 2024 година, изнесувала 65.582 денари.

38 (4) ■ сцена > здравје ■ 23-Feb 09:18 -> 23-Feb 12:18
.
.
.
.

▷ „Ги запознаваме ретките болести“ - CONDSIAS

  • „Ги запознаваме ретките болести“ – CONDSIAS или невродегенерација со почеток во детството предизвикана од стрес

CONDSIAS или невродегенерација со почеток во детството предизвикана од стрес НЕВРОДЕГЕНЕРАЦИЈА СО ПОЧЕТОК ВО ДЕТСТВОТО ПРЕДИЗВИКАНА ОД СТРЕС СО ВАРИЈАБИЛНА АТАКСИЈА И ГРЧЕВИ/ CHILDHOOD - ONSET STRESS - INDUCED NEURODEGENERATION WITH WARIABLE ATAXIA AND SEIZURES (CONDSIAS) MKБ-10 G70.9 ПРЕВАЛЕНЦА: непозната ВОВЕД CONDSIAS или невродегенерација со почеток во детството предизвикана од стрес со променлива атаксија и грчеви е ултраретко автосомно-рецесивно невродегенеративно нарушување со почеток во првите години од животот по нормален ран развој.

CONDSIAS или невродегенерација со почеток во детството предизвикана од стрес со променлива атаксија и грчеви е ултраретко автосомно-рецесивно невродегенеративно нарушување со почеток во првите години од животот по нормален ран развој.

87 (4) ■ сцена > култура ■ 22-Feb 20:54 -> 23-Feb 08:34
.
.
.
.

Берлинале 2025: „Соништа“ на Даг Јохан Хаугеруд добитник на Златната мечка

  • НОРВЕШКИОТ ФИЛМ ДОМИНИРА НА БЕРЛИНАЛЕ „Соништа“ на Јохан Хаугеруд освои „Златна мечка“

Филмот Соништа (Dreams) на норвешкиот режисер Даг Јохан Хаугеруд ја освои главната награда „Златна мечка“ на 75. Меѓународен филмски фестивал во Берлин (Берлинале). Претседателот на жирито, американскиот режисер Тод Хејнс, го опиша победничкиот филм како „медитација за љубовта“, оценувајќи дека е „уникатен, ироничен и со универзално влијание“.

Филмот Соништа (Dreams) на норвешкиот режисер Даг Јохан Хаугеруд ја освои главната награда „Златна мечка“ на 75. Меѓународен филмски фестивал во Берлин (Берлинале). Претседателот на жирито, американскиот режисер Тод Хејнс, го опиша победничкиот филм како „медитација за љубовта“, оценувајќи дека е „уникатен, ироничен и со универзално влијание“.