Само во последните две години, 2023 и 2024, државните институции набавиле 269 нови патнички возила и за нив потрошиле 8,54 мииони евра, покажува истражувањето на јавните набавки на државните институции на . Дел од институциите ги купиле возилата, а друг дел ги набавиле на лизинг, најчесто оперативен, што значи дека по истекот на периодот на лизингот треба да ги вратат, иако за возилата плаќаат како да ги купиле.
Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за набавките на патнички возила на државните институции во 2023 и 2024 година и отворената база на податоци на договорите за јавните набавки на возилата.