Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, откако по него беше распишана меѓународна потерница, денеска од Израел изјави дека продолжува злоупотребата на судството на Босна и Херцеговина (БиХ) за политички цели.
Претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој престојува во Израел и покрај потерницата што е распишана по него во БиХ, изјави дека, иако се соочува со кривично гонење, нема да се откаже од својата политика.
Судот на Босна и Херцеговина побара распишување меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и за претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ, откако ја преминале државната граница, а по нив има распишана внатрешна потерница, пишува Кликс.ба. Судот на БиХ го поднесе барањето за меѓународна потерница до канцеларијата на Интерпол во Сараево, а за да биде ефективна, меѓународната потерница треба да биде одобрена од централата во Лион.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, престојува во Израел, а додека тој даваше изјава во Кибуц Бери, се случи напад, најверојатно од Газа, кога беа лансирани два проектила.