1 (7) ■ вести > македонија > политика ■ 11-Apr 10:50 -> 11-Apr 11:12
.
.
.
.

Алијанса за Албанците го исклучи од партија директорот на Геријатрија

  • Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи

Алијанса за Албанците одржа состанок на 10 април годинава, на кој го разгледа случајот со Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на Геријатриската болница, осомничен за земање мито и донесе одлука, тој итно да биде исклучен од партијата.

Комисијата за етика на Алијансата за Албанците (АА) на состанокот одржан вчера го разгледала случајот со Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на Геријатриската болница, осомничен од надлежните органи за земање мито и донела одлука за негово итно исклучување од партијата.

2 (7) ■ бизнис > економија ■ 11-Apr 10:22 -> 11-Apr 10:57
.
.
.
.

Аеродромот во Скопје рангиран меѓу најдобрите десет во Источна Европа според Скајтракс

  • Скајтракс го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје меѓу првите десет во Источна Европа

Истакнатата авијациска организација Скајтракс (Skytrax) го пласираше Меѓународниот Аеродром Скопје, раководен од ТАВ Македонија, дел од ТАВ Аеродроми, меѓу првите десет аеродроми во регионот на Источна Европа, во склоп на нивната програма наречена Светски Аеродромски Награди (Skytrax World Airport Awards). Признанијата кои Скајтракс ги дава врз основа на гласовите на патниците, беа објавени на авијацискиот саем Passenger Terminal Expo кој беше одржан во Мадрид, Шпанија, каде што се собраа повеќе од 2,000 професионалци од авиоиндустријата, од над 120 држави ширум светот.

Реномираната авијациска организација Скајтракс (Skytrax) го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, меѓу најдобрите десет аеродроми во регионот на Источна Европа, во рамки на својата програма наречена Светски Аеродромски Награди (Skytrax World Airport Awards). Наградите кои Скајтракс ги доделува според гласовите на патниците, беа објавени на авијацискиот саем Passenger Terminal Expo кој се одржа во Мадрид, Шпанија, каде што се собраа над 2.000 професионалци од авиоиндустријата, од повеќе од 120 земји во светот.

14 (87) ■ вести > свет ■ 09-Apr 08:19 -> 11-Apr 11:12
.
.
.
.

Паузирањето на царините цело време беше дел од стратегијата на Трамп, вели министерот за финансии на САД

  • САД: Земјите што не возвратија на царините ќе бидат наградени

  • Трамп ги зголемува царините за Кина на 125% и воведува 90-дневна пауза за другите земји

  • Трамп ги паузира царините на 90 дена за сите освен за Кина

Белата куќа потврди дека претседателот Доналд Трамп издал наредба со која ги паузира царината за повеќето земји на 90 дена, и дека во тој период ќе остане основната давачка од 10 проценти, пренесоа светските медиуми.

Секретарот за финансии на САД Скот Бесент се обрати пред медиумите во обид да ги разјасни коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за новите трговски царини.

Се разгорува трговската војна меѓу САД и Кина.

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку објави дека ги суспендира царините на 90 дена за сите, освен за Кина.

Повеќе од
оваа категорија

66 (7) ■ спорт > фудбал ■ 10-Apr 14:14 -> 11-Apr 07:15
.
.
.
.

ФФМ во завршна фаза од постапката за имплементација на ВАР системот во македонскиот фудбал

  • Имплементацијата на ВАР во мак-фудбалот е во завршна фаза!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе е во процес за имплементација на ВАР систем во македонскиот фудбал, со што ќе се направи значаен чекор во модернизацијата на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Во рамки на постапката, ФФМ веќе има добиено понуди од компании специјализирани за и во моментот е во фаза на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе е во процес за имплементација на ВАР систем во македонскиот фудбал, со што ќе се направи значаен чекор во модернизацијата на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Во рамки на постапката, ФФМ веќе има добиено понуди од компании специјализирани за ВАР технологија и во моментот е во фаза на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач.

Повеќе од
оваа категорија