Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм порача дека не смее да се продолжи со блокада на Радио-телевизија Србија и дека државата ќе има сила да го заштити уставниот поредок.
Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград.
Со асистенција на српската полиција и на жандармеријата во опрема за разбивање демонстрации, вработени во РТС беа спроведени да влезат во зградата на медиумот во центарот на Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
Српските студенти ја продолжуваат блокадата на Радио телевизија Србија петти ден.