1 (79) ■ вести > свет ■ 09-Apr 08:19 -> 10-Apr 22:48
.
.
.
.

Трамп дополнително ги зголеми царините за Кина

  • Трамп ги зголемува царините за Кина на 125% и воведува 90-дневна пауза за другите земји

  • Трамп ги паузира царините на 90 дена за сите освен за Кина

  • Трамп ги повика компаниите да се преселат во САД за да избегнат царини

Белата Куќа потврди дека вкупната царина за кинески стоки сега е 145 отсто и дека стапката стапува во сила веднаш.

Се разгорува трговската војна меѓу САД и Кина.

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку објави дека ги суспендира царините на 90 дена за сите, освен за Кина.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика компаниите да се преселат во САД за да ги избегнат новите царини, а откако трговската војна со Кина ескалираше со стапување во сила на високи увозни давачки.

2 (23) ■ вести > свет ■ 09-Apr 11:17 -> 10-Apr 14:09
.
.
.
.

ЕУ на 90 дена ги става во мирување контра-царините за САД

  • Фон дер Лајен ја поздрави најавата на Трамп за паузирање на царините: Тоа е важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија

  • ЕУ на 90 дена го паузира одговорот на царините на Трамп

Додека го финализираме усвојувањето на контра-мерките на ЕУ за увозот на американски производи, кои добија силна поддршка од земји членки, решивме да ги ставиме во мирување 90 дена, соопшти денеска претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп „да го паузира“ воведувањето на некои реципрочни царини за увозот од стоки од десетици земји за период од 90 дена, оценувајќи ја како „важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија“, јави дописникот на МИА од Брисел.

Европската комисија одлучи да ги паузира контрамерките против американските царини за алуминиум и челик на 90 дена, откако американскиот претседател Доналд Трамп во средата одлучи да ја запре примената на реципрочните царини, исто така за 90 дена.

6 (31) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-Apr 13:01 -> 09-Apr 17:44
.
.
.
.

Кривични за затворски полицајци во КПД-Штип, му помагале на затвореник да најде дрога префрлена во дворот на затворот

  • Пандов: Во некои затвори над 50 проценти од затворските полицајци се корумпирани

  • Пандов: Во затворите имаме богати криминалци – даваат илјадници евра за внесен телефон

  • Затворски чувари му помагале на Жан Железарски да си ја најде дрогата, наводно барале часовник што го однела кучката Цеца

Управата за извршување санкции извршила вонреден инспекциски надзор во КПД Штип, по инцидент во кој затворски полицајци помагаат на затвореник да пронајде топка со дрога префрлена во дворот на затворот, и сите документи денеска ги поднеле со кривична пријава во Обвинителство, информираше директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов.

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов смета дека проблемот со телефоните, дрогата и останати недозволени работи по затворите може да се реши, но само доколку има казнивост за корумпираните затворски полицајци, кои според негови проценки, во некои затвори се и над 50 проценти.

Затворите се најкорумпирани од сите институции на системот во македонија, тврди денеска на прес-конференција директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.

Двајца дошле со кола пред втората од трите капии на штипскиот затвор, фрлиле дрога преку оградата, а затворскиот полицаец не го запишал возилото.

7 (29) ■ вести > македонија ■ 09-Apr 09:56 -> 10-Apr 15:21
.
.
.
.

Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите два синдиката

  • Деаноски: Владата е подготвена до средината на мај да бидат потпишани колективните договори за додатоци на плата

  • Синдикатите на средба во Влада – Трендафилов: ССМ денеска ќе ја праша Владата до кога работниците ќе чекаат зголемување на платите?

Зголемувањето на минималната плата и примената на колективните договори биле во фокусот на денешниот состанок на синдикатите и Владата.

Владата е подготвена до средината на следниот месец да бидат потпишани колективните договори со кои ќе се овозможи етапна исплата на додаток на плата од 30 проценти за вработените во државната управа, освен правосудството.

Слободан Трендафилов од ССМ, денеска пред средбата во Владата, даде изјава во која ече дека на состанок ќе праша до каде е зголемување на платите на работниците, односно зголемување на минималната плата.

8 (14) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 10-Apr 08:44 -> 10-Apr 13:30
.
.
.
.

Семејството на Теодора очекува Судскиот совет да изреагира во врска со одлуката на тетовскиот судија

  • Семејството на Теодора со благодарност за поддршката од Мицкоски – се надеваат на реакција на Судскиот совет

Семејството за загинатата Теодора Ристовска очекува и се надева дека Судскиот совет адекватно ќе постапи во врска со, како што велат, скандалозната и срамна одлука на тетовскиот судија Елведин Ферати кој во понеделникот го осуди обвинетиот Менсур Пајазити на две години затвор за сообраќајката пред речиси три години во која смртно ја прегази 22-годишната Теодора од Тетово.

Семејството на 22-годишнатата Теодора Ристовска која загина откако возач ја удри во 2022 година, преку отворено писмо упатија благодарност за поддршката од јавноста, медиумите и премиерот.

Повеќе од
оваа категорија

45 (6) ■ спорт > фудбал ■ 10-Apr 14:14 -> 10-Apr 17:47
.
.
.
.

Се е подготвено: Македонија добива ВАР!

  • ФФМ: Постапката за имплементација на ВАР во мак-фудбалот е во завршна фаза

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе е во процес за имплементација на ВАР систем во македонскиот фудбал, со што ќе се направи значаен чекор во модернизацијата на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Во рамки на постапката, ФФМ веќе има добиено понуди од компании специјализирани за ВАР технологија и во моментот е во фаза на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач.

Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информираа денеска дека веќе се во процес за имплементација на ВАР системот во македонскиот фудбал, со што ќе се направи значаен чекор во модернизацијата на Првата лига (1.МФЛ). „Во рамки на постапката, ФФМ веќе има добиено понуди од компании специјализирани за ВАР технологија и во моментот е во фаза на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач.

Повеќе од
оваа категорија

106 (6) ■ бизнис > претприемништво ■ 09-Apr 16:36 -> 10-Apr 13:53
.
.
.
.

Одбројувањето започнува: На 12 април се одбележуваат 100 дена до стартот на ЕМОФ Скопје 2025

  • Започна „Chefs de Mission“ семинарот во Скопје, како дел од подготовките за ЕМОФ Скопје 2025

Во пресрет на најголемиот спортски настан во државата досега, во сабота во Ист Гејт Мол посетителите ќе имаат можност да учествуваат во различни спортски и забавни активности, вклучувајќи турнири во 3х3 баскет, натпревари во забивање и презентации поврзани со олимписките вредности и спортот.​ По успешното одржувањe на Chefs de Mission семинарот во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, финалните подготовките за Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025 продолжуваат со зголемен интензитет.

Во рамките на подготовките за Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, што ќе се одржи од 20 до 26 јули во Скопје и Куманово, денеска во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје официјално беше отворен Chefs de Mission семинарот, што ќе се одржува на 9 и 10 април, и на кој присуствуват делегации од 49 европски олимписки комитети.