1 (123) ■ вести > свет ■ 30-Sep 09:20 -> 02-Oct 09:06
.
.
.
.

Нетанјаху: Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа

  • Саливан: Иранскиот напад врз Израел беше „неефикасен“ и одбиен со помош на САД

  • Иран лансираше проектили кон Израел

  • Белата куќа предупреди оти Иран подготвува балистички ракетен напад врз Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нападот на Иран врз неговата земја не успеал и вети дека ќе возврати.

Иранскиот напад врз Израел се покажа „неефикасен“ и беше одбиен од израелските сили за противвоздушна одбрана со поддршка на САД, изјави синоќа советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Израелската војска соопшти дека Иран истрелал проектили врз Израел, додека сирените за воздушен напад се слушале низ целата земја, а на жителите им било наредено да се засолнат, јавуваат неколку меѓународни новински агенции.

САД веруваат дека Иран наскоро е подготвен да изврши балистички ракетен напад на Израел, предупредил во вторникот висок функционер на Белата куќа, . Во соопштението на Белата куќа се наведува дека постојат индикации дека Иран се подготвува веднаш да изврши напад со балистички ракети против Израел, додавајќи дека Соединетите Држави „активно ги поддржуваат подготовките за одбрана на Израел од овој напад“.

6 (48) ■ вести > македонија > политика ■ 01-Oct 09:39 -> 02-Oct 08:32
.
.
.
.

Мицкоски: За 100 дена реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки

  • Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, ни треба силна и конструктивна опозиција

  • Не добивме ниту еден предлог за правосудните реформи, почнуваме да го развиваме нашиот систем на реформи, најави Мицкоски

  • СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни – каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму.

Хармонијата и колегијалниот дух владее во коалицијата.

Рокот до 30 септември што го даде Владата помина, но за жал до нас не стигна ниту еден конкретен предлог како треба да се одвива реформата во нашиот правосуден систем.

Од СДСМ утрово со соопштение по повод 100 дена Влада.

7 (44) ■ вести > македонија > политика ■ 30-Sep 12:30 -> 01-Oct 20:31
.
.
.
.

Филипче: По седум години платите почнаа да паѓаат, се случува целосна деградација на работниците

  • Филипче: СДСМ е единствената кредибилна и силна опозиција на актуелната власт

  • (ВИДЕО) Филипче: На Мицкоски во Брисел му кажале да не смета на уставни измени со одложено дејство

  • Филипче: 100 дена ВМРО-ДПМНЕ – Ниту повисоки плати, ниту заштита на животниот стандард

„Платите почнаа да паѓаат и просечната плата падна за цели 1000 денари.

СДСМ забрзано се консолидира после последните избори, имаме предизвици, но немаме дилеми за правецот во кој што се движи партијата, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека на премиерот Христијан Мицкоски на разговорите со челниците на Европскиот совет му било кажано дека не може да смета на тоа уставни измени да се донесат и прифатат со одложено дејство, ниту менување на преговарачката рамка.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во првите 100 дена не само што не го исполни ветувањето за раст на платите, туку просечната плата за прв пат после седум години бележи намалување, а не се зголеми ниту минималната плата.

10 (46) ■ вести > свет > нато ■ 30-Sep 08:06 -> 01-Oct 21:40
.
.
.
.

Руте: Правото на Украина на самоодбрана не се завршува на границата

  • Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани

  • Руте: НАТО ќе продолжи да ги брани нашите луѓе, земји и иднина

  • Од Трамп до Путин: Клучните предизвици со кои ќе се соочи Руте во НАТО

Новиот генерален секретар на НАТО, Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека правото на Украина на самоодбрана „не завршува на границата“.

Сојузниците во НАТО се соочуваат со сериозни предизвици и мора да работиме на справување со нив, согласно определбата за изградба на побезбеден свет за милијарда наши граѓани, порача новиот генерален секретар на Алијансата, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел по неговото денешно стапување на должноста.

Мораме да обезбедиме Украина да опстои како суверена демократска држава, да ги зголемиме издвојувањата за одбранбените трошоци и да зајакнеме нашата колективна одбрана, порача новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на церемонијата на примопредавање на должноста со досегашниот прв човек на Алијансата, Јенс Столтенберг во седиштето на Пактот во Брисел.

Поранешниот холански премие Марк Руте ќе ја преземе во вторник функцијата нов генерален секретар на НАТО во опасен момент за западната воена алијанса.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

159 (4) ■ магазин ■ 30-Sep 14:56 -> 01-Oct 16:25
.
.
.
.

Ристо Самарџиев е главен вокал во новата песна на „Меморија“

  • АУДИО| „Меморија“ со песна „малер убива“ и повикува – „За добро да е“

Во пресрет на големиот концерт кој ќе се одржи во Арена Борис Трајковски во Скопје, на 16-ти ноември, рок бендот ,,Меморија” сними нова песна.

Легендарната македонска група Меморија во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16-ти ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, во етер пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“. Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски, додека автор на текстот е Душко Темелковски, некогашниот пејач на прилепската група „Бен Хур“.Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно, на сите нас, во овие матни времиња.