Судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова која почина на самото место се одложува за 3 септември 2025 година.Судењето кое требаше да започне денеска се одложи поради отсуство на обвинетиот Зоран Јованов, кој, како што информираше судијката Снежана Марковска, бил неуредно повикан за денешната расправа, што е констатирано од повратниците на поканите кои пристигнале до Судот.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која почина на лице место.