1 (5) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 24-Apr 09:19 -> 24-Apr 09:30
.
.

По удар од гром загина маж од Прилепско

  • Гром усмрти жител од прилепско

Вчера, во селото Мажучиште, Прилепско, загина маж како последица од удар од гром, јави Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола.

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку бројот 112 вчера во 17.39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во село Мажучиште, Општина Прилеп.

8 (49) ■ вести > македонија > хроника ■ 23-Apr 07:00 -> 23-Apr 23:36
.
.
.
.

Продолжува судењето за убствата на Вања и Панче – Палчо ќе добие нов адвокат по службена должност ако денеска не се појави неговиот

  • Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, сведочи Палевски

  • Палевски: Панче 10 години се занимавал со Манев, имало нетрпение и омраза меѓу нив

  • Палевски: Немам врска со Жежовски, вистинскиот конфликт бил со Манев

Денеска во Кривичен суд е закажано ново рочиште за грозоморните убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска со почеток во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски.

Првообвинетот во предметот заа убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо потенцираше дека притисок се правел врз Велибор Манев како и врз Ерол Османи кај кого бил да поправа котли во периодот на убиството на Панче Жежовски.

Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска се одржа ново рочиште за случајот со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски.

10 (23) ■ вести > македонија > хроника ■ 23-Apr 14:47 -> 24-Apr 07:54
.
.
.
.

ЈАКИМОВСКИ: Пресудата е политички мотивирана

  • Стевчо Јакимовски и Томе Ѓурчиловски се виновни за бесправно градење на административната зграда на општина Карпош

  • Јакимовски: Одлуката на судот е скандалозна, ќе поднесеме жалба до Апелација

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е изненаден од пресудата со која е осуден на затворска казна од три и пол години.

Стевчо Јакимовски и Томе Ѓурчиловски се виновни за бесправно градење на административната зграда на општина Карпош.

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, кој е осуден на три години и шест месеци затвор за две кривични дела злоупотреба на службена положба, денеска пред општинската зграда изјави дека одлуката на Основниот кривичен суд е скандалозна и оти нема ниту еден доказ против него.

13 (19) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Apr 21:04 -> 24-Apr 09:11
.
.
.
.

Средба Николоски – Томас во Лондон: Во фокусот економската и стратешка соработка помеѓу двете држави

  • Вицепремиерот Николоски во работна посета на Обединетото Кралство

Македонија и Обединетото Кралство имаат силни економски односи, трговската соработка е на високо ниво, а можноста за зацврстување на таквата соработка ја гледаме преку нови инвестиции и пренесување на нови искуства и знаења, истакнал потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на средбата со Герет Томас, министер за економија и извоз во Владата на Обединетото Кралство, соопшти Министерството за транспорт.

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од вчера е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

42 (8) ■ бизнис > македонија ■ 23-Apr 10:42 -> 23-Apr 12:48
.
.
.
.

СЕКОЈ ТРГОВЕЦ КОЈ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ДОБАВУВАЧ, ГО УЦЕНУВА И ДИКТИРА УСЛОВИ, РИЗИКУВА САНКЦИИ - се огласи КЗК: Да се почитува Законот за забрана на нефер трговски практики

  • КЗК: Почнуваат почести контроли – трговците мора да ги прекинат нефер практиките

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) упатува јавно предупредување и повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат строго согласно Законот за забрана на нефер трговски практики („Службен весник на РСМ бр. 66/24“), со цел да се обезбеди фер, транспарентен и законски пазар во интерес на економијата, производителите и потрошувачите.

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) упати јавно предупредување и повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат строго согласно Законот за забрана на нефер трговски практики („Службен весник на РСМ бр. 66/24“), со цел да се обезбеди фер, транспарентен и законски пазар во интерес на економијата, производителите и потрошувачите.

141 (6) ■ бизнис > економија ■ 22-Apr 11:10 -> 23-Apr 09:36
.
.
.
.

ТАВ Македонија го доби сертификатот Great Place To Work®

  • ТАВ Македонија го доби сертификатот „Одлично место за работа“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор на два македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, го доби сертификатот Great Place To Work® (“Одлично место за работа”), како глобален репер за „избран работодавач од вработените“ којшто компаниите се стремат да го постигнат.

Сертификатот Great Place To Work® („Одлично место за работа“) е уште едно признание за ТАВ Македонија во областа на управувањето со човечките ресурси, по наградата „Најпосакуван работодавач” која ја доби во април 2024 ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор на два македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, го доби сертификатот како глобален репер за „избран работодавач од вработените“ којшто компаниите се стремат да го постигнат.