Без разлика дали работеше во сликарството, културата или литературата неговите дела ја доловуваат душата на неговото време и ја пресликуваат секоја болка, секоја радост и секоја надеж, а неговото творештво говори за универзалноста на неговите величини и изрази, беше посочено на денешната комеморативна седница во Националната галерија Даут пашин амам за уметникот, режисер и писател Коле Манев (1941 – 2025), кој почина на 22 јануари годинава.
Друштвото на ликовни уметници на Македонија денеска организира комеморативна седница за уметникот Коле Манев (1941-2025), член и поранешен претседател на ДЛУМ.