Партијата на косовскиот премиер Албин Курти, Самоопределување, не успеа да ја достигне очекуваната апсолутна мнозинска поддршка на парламентарните избори, според првичните проценки и досега преброените гласови.
Самоопределување победува на косовските парламентарни избори, покажуваат сите излезни анкети, но тоа нема да биде толку убедлива победа како на претходните избори.
Во 19 часот се затворени гласачките места на денешните први редовни, а вкупно девети парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста.
Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти има освоено 41,99 отсто од гласовите на парламентарните избори во Косово, велат последните податоци на тамошната Централна изборна комисија од 73 отсто од преброените гласови.