1 (54) ■ вести > свет ■ 14-Jan 09:48 -> 16-Jan 00:06
.
.
.
.

Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците

  • Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот в Појасот Газа

  • Тајмс оф Израел: Хамас и Израел ги финализираат деталите за спроведувањето на договорот за заложници

  • Катарскиот премиер очекува договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас да стапи во сила в недела

Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, потврди денеска американски официјален претставник, во последните денови од претседателствувањето на Џо Бајден.

Палестинската милитантна група Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на десетици заложници, изјавија двајца неименувани претставници вклучени во преговорите во Доха.

Израел и Хамас синоќа постигнаа начелен договор за размена на заложници и во моментов работат во Доха на финализирање на деталите од договорот, изјавија двајца арапски претставници за „Тајмс оф Израел“.

Катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани рече дека посредниците очекуваат договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас да стапи во сила в недела, 19 јануари.

2 (32) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Jan 14:58 -> 15-Jan 20:14
.
.
.
.

Влада: Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но можностите се лимитирани

  • Деаноски: Секој обид од Владата или политичките партии, да докажат дека има политика во протестите или работата на Синдикатот, ќе им биде залуден

  • УПОЗ: Сегашната опозиција да не се лепи на протестите, бидејќи имаа 7 години да го решат проблемот

  • Државните службеници излегоа на протест, бараат додаток до 30 отсто на платата

Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани, велат од Владата во соопштение.

Секој обид од страна на Владата или политичките партии, да докажат дека има политика во протестите или работата на Синдикатот, ќе им биде залуден, нагласи попладнево на пред Министерството за култура, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Од Синдикатот на УПОЗ ѝ порачаа на Владата дека залудни се обидите да докажат дека има политика во протестите.

Со едночасовен протест пред работните места вработените во седум министерства и два државни органи бараат потпишување на нови колективни договори со кои ќе им следува 30 отсто додаток на плата.

4 (20) ■ вести > свет > регион ■ 14-Jan 16:00 -> 15-Jan 22:42
.
.
.
.

Бугарија: Росен Жељазков го прифати мандатот за формирање влада

  • Бугарија: Радев денеска ќе му го врачи мандатот за формирање влада на кандидатот на ГЕРБ-СДС

  • Жељазаков прифати да биде мандатар на новата бугарска влада

Росен Жељазков, кандидатот за бугарски премиер на најголемата парламентарна групација, во средата ја прифати поканата на претседателот на државата Румен Радев за формирање влада, по предвремените избори во октомври, седми во изминатите четири години.

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе му го врачи мандатот за состав на влада во рамките на 51-то свикување на Народното собрание на кандидатот за премиер предложен од најголемата пратеничка група ГЕРБ-СДС.

Росен Жељазков, кандидатот за бугарски премиер на најголемата пратеничка група, денеска прифати да формира влада, по предвремените избори во октомври.

7 (50) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Jan 07:18 -> 15-Jan 15:42
.
.
.
.

Мицкоски: Најзаслужни за делницата Градско–Дреново се работниците

  • ШТО НЕ КАЖУВАТЕ ВАКВИ РАБОТИ?! Па и патот Градско-Дреново го изградил СДСМ, скоро сто отсто!

  • Мицкоски: Пуштена е делницата Градско-Дреново, продолжува изградбата на автопатот од Прилеп до Битола

  • Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново е реалност, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути

Најзаслужни за делницата Градско–Дреново се работниците затоа што направија да изгледа импозантно, заедно продолжуваме да ја градиме Македонија.

Пратеникот од СДСМ Миле Талески изјави дека експресниот пат Градско-Дреново е над 92 проценти реализиран од владата на СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски на денешното свечено пуштање во употреба на експресниот пат Градско-Дреново истакна со пуштањето на овој пат, како и дел од пругата кон Бугарија и патот Куманово- Крива Паланка се проекти кои ќе го одбележат почетокот на оваа година.

„Убаво е кога се отвораат капитални проекти.

8 (23) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Jan 19:49 -> 15-Jan 18:18
.
.
.
.

Муцунски: Да продолжиме по европскиот пат, ЕУ да донесе стратегиска одлука како понатаму со нашиот пример

  • МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

  • НОВАТА АДМИНИСТРАЦИЈА НА САД ИМА СЕРИОЗЕН ИНТЕРЕС ЗА МАКЕДОНИЈА Нашата умешност е да го добиеме заслужениот фокус, вели Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешниот работен појадок со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија акредитирани во земјава кажа дека во оваа година ќе одбележиме неславен јубилеј 20 години од стекнување на кандидатскиот статус.

Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски очекува дека во 2025 година ќе направиме крупни чекори кон Европската Унија(ЕУ). „Оваа 2025 година одбележуваме, за жал, еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вечерва изјави дека ќе биде дел од делегацијата која ќе ја предводи премиерот Христијан Мицкоски на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

14 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Jan 07:18 -> 15-Jan 17:19
.
.
.
.

Гаши: Прашањата за разрешувања или оставки се во надлежност на Комисијата за избори и именувања и пратениците

  • Гаши не открива дали и кога ќе ја извести комисијата дека е изгласана недоверба на Даути

  • По интерпелацијата на Илире Даути, партиите со свои ставови дали треба да остане на таа функција

Претседателот на Собранието Африм Гаши попладнево преку соопштение информира дека неговата улога како претседател завршила со процесот на интерпелација на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути.

И понатаму молк од собранискиот спикер Африм Гаши дали и кога планира да ја извести Комисијата за избори и именувања дека на Илире Даути и е изгласана недоверба како претседателка на комисијата за социјална политика.

Неизвесно е дали Илире Даути ќе остане или ќе биде сменета од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади откако во петокот помина нејзината интерпелација поднесена од Левица.

Повеќе од
оваа категорија

60 (7) ■ спорт > кошарка > нба ■ 15-Jan 08:25 -> 15-Jan 11:58
.
.
.
.

Јокиќ и со „половина гас“ до трипл-дабл

  • Јокиќ го сруши рекордот на Лери Брд

Никола Јокиќ стигна до нов трипл-дабл, и тоа во меч во кој српскиот центар остана во споредна улога оставајќи го Џамал Мареј да доминира и да му ја донесе побеата на Денвер на гостувањето против Далас (99-118). Мареј го одигра својот најдобар натпревар во последните две години постигнувајќи 45 поени, а Денвер целата работа ја заврши уште во првото полувреме во кое гостите поведоа со 45-71. Поради големото водство Јокиќ имаше помала минутажа од вообичаено, но Србинот сепак успеа да стигне до трипл дабл од 10 поени, 14 скокови и 10 асистенции.

Маестралниот Никола Јокиќ ќе го памети денешниот натпревар од НБА лигата по неверојатниот рекорд со кој го сруши достигнувањето на големиот Лери Брд.

Повеќе од
оваа категорија

176 (4) ■ сцена > култура ■ 14-Jan 10:24 -> 15-Jan 10:05
.
.
.
.

Виктор Митревски диригираше во новата постановка на „ Така прават сите“ во Операта од Малме

  • Диригентот Виктор Митревски настапи во Операта во Малме

Почитувани, Македонскиот диригент Виктор Митревски, кој живее и работи во Виена, на 8 и 10 јануари настапи како гостин диригент во Операта во Малме, Шведска во новата продукција на една од најизведуваните опери од Моцарт – „Така прават сите“ („Cosi fan tutte“). Претставата доживеа голем успех на сцената на операта во Малме, беше поздравена со овации од публиката и позитивни критички осврти во шведските медиуми.

Македонскиот диригент Виктор Митревски на 8 и 10 јануари настапи како гостин диригент во Операта во Малме во Шведска, во новата продукција на една од најизведуваните опери од Моцарт „Така прават сите“ („Cosi fan tutte“). Оваа поставка на „Така прават сите“ носи поднаслов „Училиште за љубовници“ и претставува модерна интерпретација на Моцартовото ремек-дело.