За да ги поддржи искрените напори на спасувачките служби кои се обидуваат да ги отстранат последиците од уништувањето, НЛБ Групацијата донираше еден милион евра за погодените подрачја.
Поранешниот директор на една од трите најголеми банки во земјава, НЛБ Банка, Антонио Аргир, кој пак, од пред нецели три години живееше и работеше во Љубљана, како член на Управниот одбор на НЛБ Групацијата во Љубљана, деновиве стартува на нова позиција во рамките на истата групација, и тоа на функцијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка во Приштина.