Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, рече дека полицијата ќе се фокусира на опоменување, а не казнување на граѓаните кои сè уште користат лични документи со старото уставно име.
Собранието денеска треба да ја започне 29. седница на која на дневен ред се пет интерпелации.
Интерпелација е демократско право на секоја опозиција во рамки на демократска држава.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од тетовски Групчин порача дека голем број лични документи се сменети со новото уставно име, но побара од полицајците само да ги опоменуваат оние кои тоа не го направиле досега.