1 (31) ■ вести > свет ■ 02-Mar 20:03 -> 04-Mar 11:41
.
.
.
.

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

  • Трудо: Канада денеска ќе воведе соодветни тарифи за американските производи

  • Трамп: Царините од 25 отсто за Мексико и Канада стапуваат на сила утре

  • Трговска војна во Северна Америка: Трамп воведе царини, Канада и Мексико најавуваат одговор

Новите царини на американскиот претседател Доналд Трамп од 25 отсто за увоз од Мексико и Канада денеска стапија на сила, удвојувајќи ги тарифите за кинески стоки на 20 отсто, што предизвика нови трговски конфликти со трите главни трговски партнери на САД.

Канада ќе воведе соодветни тарифи за американските производи почнувајќи од денеска како одговор на тарифите објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо, цитиран од телевизијата Си-Би-Си. - Доколку стапат на сила тарифите на Соединетите држави, Канада ќе одговори од полноќ со воведување царини од 25 отсто на американски стоки во вредност од 155 милијарди долари, се вели во изјавата на канадскиот премиер.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека од утре ќе стапат на сила најавените царини од 25 отсто за Мексико и Канада, додавајќи дека тие две земји и трговските партнери на САД „немаат простор“ да преговараат понатаму.

САД денеска воведоа нови царини од 25 отсто на увозот од Канада и Мексико, како и двојно зголемување на царините за кинеска стока, што предизвика нов бран трговски тензии со трите најголеми американски трговски партнери.

2 (8) ■ вести > македонија ■ 04-Mar 10:26 -> 04-Mar 11:42
.
.
.
.

Граѓаните кои сметаат дека сметката за струја е неточна може да поднесат приговор до ЕВН

  • Министерство за енергетика - во врска со сметки за струја

Граѓаните кои сметаат дека сметката за струја е неточна може да поднесат приговор до ЕВН во рок од осум дена.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини интензивира активности за правично и транспарентно информирање во врска со сметки за струја Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Во рамките на своите надлежности и континуиран напор за заштита на правата на граѓаните, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини иницираше и интензивира активности за правично и транспарентно информирање на јавноста во врска со сметки за електрична енергија.

3 (13) ■ вести > македонија ■ 04-Mar 09:25 -> 04-Mar 10:41
.
.
.
.

АХВ: Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди

  • АХВ: Најдени колиморфни бактерии во минерална вода увезена од Косово

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови на интензивирање на трговијата со овошје и зеленчук, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го зголемува интензитетот на контроли на пратките со овој вид на производи кои се увезуваат во земјава, од сите држави.

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови на интензивирање на трговијата со овошје и зеленчук, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го зголемува интензитетот на контроли на пратките со овој вид производи кои се увезуваат во земјава, од сите држави.

6 (66) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Mar 13:18 -> 04-Mar 11:37
.
.
.
.

Средба на Мицкоски и Орбан во Будимпешта, продолжува владиниот самит

  • Премиерот Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија

  • Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници

  • Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на унгарско-македонски владин самит во Унгарија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта во рамки на унгарско-македонскиот владин самит ќе оствари средба со неговиот домаќин унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Премиерот Христијан Мицкоски и министрите ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит на 3-4 март 2025 година што ќе се одржи во Република Унгарија.

Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и унгарскиот министер за надворешна политика и трговија Петер Сијарто попладнево во Будимпешта потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика.

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит што денеска и утре ќе се одржи во Република Унгарија.

7 (63) ■ вести > свет > нато ■ 02-Mar 09:45 -> 04-Mar 10:56
.
.
.
.

Доналд Трамп ја прекина американската воена помош за Украина

  • Зеленски: Ќе поднесам оставка под услов Украина да влезе во НАТО

  • Зеленски и европските сојузници ја зацврстуваат соработката по спорот со Трамп

  • По „ролеркостер дипломатијата“, Европа сака да го врати моментумот за Украина

Доналд Трамп ја прекина американската воена помош за Украина само неколку дена по неговиот спор со претседателот Зеленски.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку Украина за возврат стане членка на НАТО, а тоа го спомена откако сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп побараа негова оставка.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека ќе работи со Европа за да постави услови за евентуален мировен договор што ќе им ги претстави на САД откако сојузниците собрани во Лондон ветија дека ќе потрошат повеќе за безбедноста и ќе соберат коалиција за одбрана на какво било примирје во Украина.

Самитот во Лондон за Украина со високи влогови заокружи една недела на дипломатија која ги откри разликите меѓу Соединетите Држави и нивните европски сојузници околу ставањето крај на руската војна против земјата и околу ликот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. два дена претходно додаде нова итност на разговорите на 2 март, на кои учествуваа повеќе од десетина европски лидери, вклучително и украинскиот претседател, а домаќин беше британскиот премиер Кир Стармер.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

105 (6) ■ сцена > култура ■ 03-Mar 07:02 -> 03-Mar 15:57
.
.
.
.

Осум романи ја продолжуваат трката за наградата Роман на годината

  • ▷ Осум романи ја продолжуваат трката за „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата Роман на годината за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше 8 романи што ја продолжуваат трката за наградата Роман на годината.

Како што соопштуваат од жири-комисијата, на годинашниот конкурс пристигнале 43 романи, во првата селекција одбрани се 20 наслови, а сега на списокот остануваат уште осум романи: Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше осум романи што ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“.