1 (23) ■ вести > македонија > хроника ■ 05-Jul 10:57 -> 06-Jul 10:45
.
.
.
.

Три активни пожари во Македонија

  • ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет

  • Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

Центарот за управување со кризи информира дека на територија на Македонија има три активни пожари.

На територијата на државата денеска до 18:30 часот се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка активен е шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (во моментов нема активен пламен, само чад на карпест дел), како и два пожари во ниска вегетација во село Романце, во Општина Куманово и село Таринци, во Општина Карбинци.

Фото: „Нова Македонија“/илустрација Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека до 8 часот на територијата на државава се евидентирани три активни пожари.

3 (11) ■ вести > македонија > еу > сдсм ■ 05-Jul 19:08 -> 06-Jul 10:15
.
.
.
.

Костова: ВМРО ДПМНЕ ја заглави Македонија, застој има на секое поле

  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на Сител телевизија, истакна дека историски најлошиот и најслабиот извештај од ЕУ за Македонија е потврда за застојот на земјата за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ и тоа на секое поле.„Велат дека Македонија е погодена од странско мешање, хибридни закани, дезинформациски кампањи, сомнителни финансиски текови, тоа е задолжувањето од Унгарија од минатата година, но извештајот наведува и ризик од финансиска зависност од Кина.

Единствено Мицкоски и ДПМНЕ се виновни што на македонскиот јазик му се заканува бришење од извештајот на Европскиот парламент.

7 (5) ■ вести > македонија ■ 06-Jul 07:36 -> 06-Jul 10:30
.
.
.
.

Повеќе од 246 илјади граѓани го користат Системот за единствена најава на Министерството за дигитална трансформација

  • НЕ МОРА ДА ПАМТИТЕ БРОЈНИ ЛОЗИНКИ ЗА ПРИСТАП 246 илјади граѓани го користат Системот за единствена најава

Над 246 илјади граѓани во повеќе институции користат една мејл адреса и една лозинка за регистрација на различните системи во државата, на лесен, брз и ефикасен начин, што е овозможено од Министерството за дигитална трансформација.

НЕ МОРА ДА ПАМТИТЕ БРОЈНИ ЛОЗИНКИ ЗА ПРИСТАП 246 илјади граѓани го користат Системот за единствена најава Како што соопшти Министерството за дигитална трансформација, регистрирање на Системот за единствена најава (СЕН) е овозможено доколку е полнолетен граѓанин на Македонија или има регулиран престој согласно важечките законски прописи.

15 (74) ■ вести > македонија > политика > мвр ■ 04-Jul 15:38 -> 06-Jul 03:04
.
.
.
.

„ОВА НЕ Е БРЦНИ ПРАЧКА, ПИЈ ВИНО “ Тошковски уверува дека се постапува за дивоградби во Чаир

  • Почната постапка за промена на повеќе закони за ставање во функција на системот „Безбеден град“

  • Тошковски: Секој кој се осмелил да краде од народот ќе се соочи со одговорност

  • Тошковски: Одлични резултати во борбата со криминалот и корупцијата, нови услуги за граѓаните а вистинската битка допрва започнува

„ОВА НЕ Е БРЦНИ ПРАЧКА, ПИЈ ВИНО“ Тошковски уверува дека се постапува за дивоградби во Чаир фото: МВР Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби во скопската општина Чаир и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време.

За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во изминатата година разбивме14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната конференција за новинари посветена на сработеното во досегашниот мандат потенцираше дека со преземањето на министерството затекнале нефукционален систем, институција без јасна организација, без услови за работа со изгубена доверба кај граѓаните и нагласи дека таква слика на тага и немоќ не смее никогаш повеќе да се види.

18 (12) ■ вести > свет > иран ■ 04-Jul 09:30 -> 06-Jul 09:45
.
.
.
.

ИМАТЕ ПРАВО ДА ЗНАЕТЕ ШТО ТОЈ МИСЛИ: Такер Карлсон го интервјуирал претседателот на Иран

  • (ВИДЕО) Иранскиот лидер првпат во јавност по примирјето со Израел

Добивај вести на Viber Такер Карлсон пред малку објави дека го интервјуирал претседателот на Иран, велејќи дека гледачите имаат право да знаат што тој мисли и најави дека за ден-два ќе го објави интервјуто.„Тукушто го завршивме интервјуто со Масуд Пезешкијан , кој е претседател на Иран, 70-годишниот кардиохирург кој ја води земјата со која бевме во војна пред околу една и пол недела.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, вчера учествуваше на верска церемонија во Техеран, според снимките емитувани од државните медиуми, што е прво јавно појавување на лидерот по примирјето со Израел од 24 јуни.

Повеќе од
оваа категорија

22 (68) ■ спорт > фудбал > португалија ■ 04-Jul 05:15 -> 06-Jul 04:54
.
.
.
.

Неизмерна тага во Гондомар: фудбалскиот свет се збогува со Диого Жота и неговиот брат Андре

  • Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

  • Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул и на Португалија пристигнаа на погребот на Жота

  • „Но, јас сум среќникот“: Последниот коментар на Жота кон сопругата објавен на Инстаграм - Сонот стана кошмар по само два дена

Потиштена атмосфера владееше денеска пред црквата „Санта Марија“ во родниот Гондомар, каде што семејството, пријателите и илјадници навивачи им оддадоа последна почит на фудбалерите Диого Жота (28) и неговиот помлад брат Андре Силва (25). Двајцата го загубија животот во сообраќајната несреќа што во четврток ја потресе целата спортска јавност.

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на загинатиот Диогу Жота на неговото семејство.

Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул веќе се во Португалија за да присуствуваат на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кој започнува утрово во 11:00 часот.

Instagram / rutecfcardoso14 Два дена пред тешката сообраќајката во која загинаа фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, неговата сопруга Руте објави фотографии на Инстаграм од нивната свадба.

Повеќе од
оваа категорија

239 (4) ■ бизнис > берза ■ 04-Jul 11:57 -> 04-Jul 17:17
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час

  • ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА НА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА ВО УНГАРИЈА Е 105,75 ЕВРА На македонската берза е 98,92 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 04 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 105,75 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 98,92 евра/mwh.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 04 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 105,75 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 98,92 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 73,67 евра за мегават час, а на MEMO 41,16 евра. фото: ЕДС Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 37,90 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 33,66 евра.

209 (5) ■ сцена > култура ■ 04-Jul 08:45 -> 05-Jul 10:05
.
.
.
.

Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложбата „Регенерација“

  • „Регенерација“ - изложба на Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска во КИЦ Белград

Во Културно-информативниот центар во Белград вечерва беше отворена изложбата „Регенерација“ на која се претставија три афирмирани претставнички на современата македонска ликовна уметност, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска со обединувачки мотив – рефлексии врз уметникот во годините на пандемијата со Ковид-19. Нивната заедничка ликовна концепција упатува јасно предупредување и порака „да не се предаваме на културата на заборавање, но и во сопствените регенерации низ сите животни процеси и предизвици, да ги имаме културата и уметноста како свои упоришта и сигурни прибежишта“.

Македонскиот КИЦ во Белград вечерва ќе биде домаќин на изложбата „Регенерација“ на која ќе се претстават три афирмирани претставнички на современата македонска ликовна уметност, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска.