Реткиот дијамант, наречен „Медитеранско син“, со тежина од 10,03 карати, денеска е продаден на наддавање во Женева, Швајцарија, за 19,2 милиони евра, објави аукциската куќа „Сотби’с“. Тобијас Корминд, извршен директор на „77 дајмондс“ (77 Diamonds) – најголемата интернет-платформа за злато и накит во Европа, изјави дека продажбата и цената на дијамантот, се „помалку импресивни“ од очекуваното, пренесува порталот „Свисинфо“ (Swissinfo). – Дијамантот ја надмина проценетата вредност од 20 милиони долари, што укажува на значителен интерес.
Голем син брусен дијамант од 10,03 карати беше продаден на аукција во Женева за 19,1 милиони евра, објави аукциската куќа Sotheby’s. Вредноста на дијамантот, наречен „Медитерански син дијамант“, проценета на 20 милиони долари, „предизвика огромен интерес“ кај потенцијалните купувачи, соопшти аукциската куќа Sotheby’s“ во соопштение објавено во вторник вечерта.