1 (113) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 12-Oct 08:51 -> 14-Oct 18:19
.
.
.
.

Сведочење на мајката на убиената Вања: Таткото од прв момент тврдеше дека е киднапирана, ја баравме во напуштена куќа на Партизанска, а таткото барал и во Арачиново

  • Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

  • Видевски од болница вратен во Шутка, судењето за убиствата на Вања и Панче продолжува в понеделик

  • Мајката на малолетната Вања и роднини на велешанецот Жежовски треба да сведочат в понеделник во суд

Мајката Зорица Ѓорчевска на денешното сведочење изјави дека дента на злосторот, нејзината ќерка излегла од дома во 7:20 и тргнала на школо, но 20-тина минути подоцна и стигнала порака од класната на Вања дека не е стигната во школо.

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во кои обвинетите Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов се изјаснија за невини.

Боре Видевски, обвинетиот за убиството и грабнувањето на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, од болница е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка.

Зорица Ѓорчевска, мајката на малолетната Вања Ѓорчевска која беше убиена лани во ноември и роднини на убиениот Панче Жежовски треба да сведочат на судското рочиште за двојното убиство коешто е закажано за в понеделник.

2 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Oct 15:14 -> 14-Oct 21:45
.
.
.
.

Мицкоски: Германија останува наш силен поддржувач

  • Мицкоски: Писмото до ЕУ е во подготовка, пред да го испратам сакам да имам појасна слика до каде сме и што можеме да направиме

  • Мицкоски патува за Берлин на состанок на Берлинскиот процес

Премиерот Христијан Мицкоски ја претставува Македонија на состанокот на шефови на влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

Писмото до ЕУ е во подготовка, пред да го испратам сакам да имам појасна слика до каде сме и што можеме да направиме, изјави денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на прашање до каде е подготовката на писмото со кое ќе даде нови идеи за продолжување на преговорите и дали очекува поинаква опција или оптимизам од Унијата.

Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација во германската престолнина каде ќе седне на иста маса со лидерите на Берлинскиот процес.

5 (19) ■ вести > македонија ■ 14-Oct 15:24 -> 14-Oct 19:04
.
.
.
.

Задоцнета кислородна поддршка, превид за хоспитализација – стручна комисија при МЗ за причините за смртта на 14-месечното бебе

  • Таравари: Лекарски пропусти при лекувањето на 14-месечното бебе кое почина

Задоцнета кислородната поддршка кај 14-месечното бебе кое почина од бронхопневмонија на 5 октомври на Детската клиника во Скопје и превид во проценката за негова хоспитализација, констатираше стручната Комисија на Министерството за здравство.

Задоцнета е кислородната поддршка на 14-месечното бебе кое почина затоа што на клиниката во Козле немало соодветна апаратура за давање инвазивна и неинвазивна вентилација односно кислородна поддршка, соопштија денеска во Министерството за здравство откако стручните комисии формирани за испитување на два смртни случаи утврдија повеќе пропусти во конкретниот случај.

6 (6) ■ вести > македонија ■ 14-Oct 20:38 -> 14-Oct 22:09
.
.
.
.

Првата антикорупционерка: Картата на синот на премиерот не е платена со државни пари

  • АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ СТАВИЈА ТОЧКА НА ШПЕКУЛАЦИИТЕ Патувањето на синот на премиерот не е финансирано од државата

Од целокупната документација што ни беше доставена и извршената анализа од наша страна, констатиравме дека од буџетот на државата се потрошени средства исклучиво за делегацијата со претставници од државни институции за патувањето во Вашингтон и во Њујорк и дека не е платено ништо за синот на премиерот, посочи вечерва претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска.

Од целокупната документација што ни беше доставена и извршената анализа од наша страна, констатиравме дека од буџетот на државата се потрошени средства исклучиво за делегацијата со претставници од државни институции за патувањето во Вашингтон и во Њујорк и дека не е платено ништо за синот на премиерот, посочи вечерва претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска.

8 (31) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Oct 13:44 -> 14-Oct 19:17
.
.
.
.

ЈПДП ќе го разреши Митревски и ќе ги преиспита наводните злоупотреби

  • СДСМ: Скандали ја тресат и ЈПДП – партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина

  • СДСМ: Шефот во ЈПДП поставен од Трајановски фатен во нови злоупотреби, не плаќа патарини

  • Кузеска: СДСМ бара одговорност по скандалите во ЈПДП и злоупотребата на патарините

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека лицето Миланчо Митревски на 28.07.2024 година е назначен со времено задолжение од три месеци за координатор за контрола во Одделението за наплата на патарини и контрола.

„Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба на институциите.

Скандалот во ЈДПД со поставувањето партиски кадри на Трајановски и ДПМНЕ се проширува.

Мора да има одговорност за сканалите во ЈПДП и злоупотребите на патарините.

13 (55) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Oct 14:15 -> 14-Oct 15:17
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: „Зелената” партија ДУИ секојдневно глуми жртва пред граѓаните

  • Бектеши: Уставните судии треба да внимаваат кога носат сензитивни одлуки кои предизвикуваат тензии

  • Петрушевски: ДУИ додека беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација

  • ДУИ се мобилизира за протести, владата подготвена да ги пресретне обидите за дестабилизација, вели премиерот

„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, `зелената` партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните.

Поранешниот министер за економија и дел од највисокото раководство на сега опозициската ДУИ, Крешник Бектеши, не сака да го коментира образложението на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, за укинувањето на „балансерот“, бидејќи, како што вели, се знае од која провиниенција доаѓа.

Додека ДУИ беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се. ДУИ како власт во 2023 година учествуваше во изготвување на Стратегија за реформи во администрацијата 2023 – 2030 во која се нотира дека балансерот има бројни злоупотреби и истиот треба да се укине.

Премиерот Мицкоски смета дека обиди за детабилизација има и ќе има, но дека владата е подготвена да ги пресретне.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија