1 (15) ■ вести > свет ■ 24-Feb 07:24 -> 24-Feb 20:35
.
.
.
.

Макрон: Некои европски земји ќе бидат подготвени да имаат мировни сили во Украина

  • Макрон ќе се сретне со Трамп во Белата куќа за разговори за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека некои европски земји ќе бидат подготвени да имаат мировни сили во Украина како гаранција за безбедноста по потпишувањето на мировниот договор, иако тие нема да бидат испратени на линијата на фронтот.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска е во Вашингтон за да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за војната на Русија против Украина.

4 (7) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 24-Feb 18:32 -> 24-Feb 20:22
.
.
.
.

Кривична пријава против четири лица за несовесно работење во службата

  • МВР: Четири лица пријавени за несовесно работење во службата

Поднесена кривична пријава против четири лица за несовесно работење во службата.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Ф.Х.- началник на Регионалниот центар за гранични работи Запад, Н.С.- началник на Одделението за заеднички работи при Регионалниот центар за гранични работи Запад, Ц.Ј. – самостоен советник за финансиски работи во Одделението за заеднички работи при Регионалниот центар за гранични работи Запад и Б.Ј. – началник на СВР Битола за време на извршување на делото, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

6 (85) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Feb 09:55 -> 24-Feb 16:16
.
.
.
.

Мицкоски до ДУИ: Го знаете мојот број, донесете ги доказите за Меџити, во спротивно предупредувам дека продолжувате со сеење магла

  • СДСМ: Очајните спинови за Ордановски, нема да го покријат скандалот со вработувањата на Меџити

  • СДСМ: Власта ја третира државата како партиски пашалак

  • ДУИ: Шефот на кабинет на Меџити главен за уцени и мито

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика ДУИ, да достават докази до него за корупцијата која тврдат дека ја направил вицепремиерот Изет Меџити.

​ВМРО-ДПМНЕ е во очај од скандалот кој ја тресе владата и 3.000 партиски вработувања кои ги планира Изет Меџити, а за кои Мицкоски молчи.

Соопштение од СДСМ: Коалиционите партнери во власта, ВЛЕН, ДПМНЕ и ЗНАМ, државата ја третираат како партиски пашалак за задоволување на нивните партиски и бизнис интереси.

ДУИ повторно го осудува тешкиот корупциски скандал во Министерството за животна средина, каде што по контролата на Државниот управен инспекторат е потврдена злоупотреба на службената должност од страна на министерот Изет Меџити и неговиот кабинет.

7 (24) ■ вести > свет > регион ■ 22-Feb 19:21 -> 24-Feb 20:12
.
.
.
.

ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Украина може да влезе во EУ пред 2030 година

  • АКО ПУТИН СОРАБОТУВА, ЕУ НЕМА ДА ГИ ЗАСИЛИ САНКЦИИТЕ ЗА РУСИЈА Фон дер Лајен посочи дека Европа мора да ја забрза испораката на оружје за Украина

  • Фон дер Лајен од Киев: Во март Украина ќе добие уште 3,5 милијарди евра помош од ЕУ

Украина може да влезе во Eвропската Унија(ЕУ) пред 2030 година.

Веруваме во слободна и во суверена Украина на нејзиниот пат кон Европската Унија, порача доцна синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во изјава за новинарите што ја придружуваат на нејзиното патувањето во Киев, меѓу кои и известувачот на Европската новинска редакција (ЕНР), чијшто дел е и МИА.

Европа е тука да ја зајакне Украина во овој критичен момент и веќе во март ЕУ на земјата ќе и исплати дополнителни 3,5 милијарди евра помош, најави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на Меѓународниот самит за поддршка на Украина, што се одржува во Киев.

8 (10) ■ вести > свет ■ 24-Feb 10:00 -> 24-Feb 20:51
.
.
.
.

Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори

  • ЕУ: Меѓународната заедница треба да се фокусира на постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина

Ги поздравуваме огромните напори на американскиот претседател Доналд Трамп да ги натера Русија и рускиот претседател Владимир Путин да преговараат, но само Украина е таа што може да одлучи кога ќе бидат исполнети условите за почеток на ефикасни, кредибилни и одржливи мировни преговори, изјави денеска во Киев претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

Во актуелниот предизвикувачки меѓународен и геополитички амбиент ја нагласуваме важноста од одржување на трансатлантската и глобалната солидарност со Украина, се наведува во заедничка изјава на претседателите на Европскиот совет, на Европската комисија и на Европскиот парламент, Антонио Кошта, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина.

14 (7) ■ вести > македонија ■ 24-Feb 16:51 -> 24-Feb 19:24
.
.
.
.

МНР ТВРДИ ДЕКА НЕМА ПРОМЕНА НА ПОЗИЦИИТЕ: Дадоа објаснување за резолуцијата за Украина

  • МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Од македонското Министерство за надворешни работи(МНР) соопштија дека спонзорирањето на резолуцијата на САД ја реафирмира поддршката за Украина.

Одлуките на Република Северна Македонија во поглед на поддршката и гласањето за резолуциите на Генералното собрание на Обединетите нации се донесени врз основа на темелно истражување и анализа на актуелните глобални надворешнополитички движења, утврдените позиции на влијателните меѓународни чинители, нашата заложба за зацврстување на мирот, безбедноста и просперитетот во светот, како и стратешкиот интерес на државата за создавање стабилна позиција и градење поцврсти односи со нашите стратешки партнери, се вели во соопштението од МНР.

Повеќе од
оваа категорија

32 (7) ■ спорт ■ 24-Feb 13:28 -> 24-Feb 17:20
.
.
.
.

Ристовски: Ракометот го прогласивме за спорт број еден – заслужува најголема поддршка!

  • Ристовски: Во министерството донесовме одлука да го прогласиме ракометот за спорт број 1

Ракометот е спорт број еден во Македонија и затоа заслужува најголема финансиска поддршка од државата, истакна министерот за спорт Борко Ристовски на денешната панел-дискусија во Скопје, посветена на стратегиите и формите на финансирање за развој на ракометот.

Во организација на специјализираниот портал за ракомет „samorakomet.mk“ денес во Скопје се одржува панел-дискусија „Ракометот спорт број 1?“. Во делот за стратегија, визија и форми на финансирање, за развој на ракометот учество зема и министерот за спорт Борко Ристовски за кого ракометот без сомнение е спорт број 1 во Македонија.

Повеќе од
оваа категорија

164 (5) ■ сцена > култура ■ 22-Feb 20:54 -> 24-Feb 08:20
.
.
.

НОРВЕШКИОТ ФИЛМ ДОМИНИРА НА БЕРЛИНАЛЕ „Соништа“ на Јохан Хаугеруд освои „Златна мечка“

  • Берлинале 2025: „Соништа“ на Даг Јохан Хаугеруд добитник на Златната мечка

Филмот Соништа (Dreams) на норвешкиот режисер Даг Јохан Хаугеруд ја освои главната награда „Златна мечка“ на 75. Меѓународен филмски фестивал во Берлин (Берлинале). Претседателот на жирито, американскиот режисер Тод Хејнс, го опиша победничкиот филм како „медитација за љубовта“, оценувајќи дека е „уникатен, ироничен и со универзално влијание“.

Филмот Соништа (Dreams) на норвешкиот режисер Даг Јохан Хаугеруд ја освои главната награда „Златна мечка“ на 75. Меѓународен филмски фестивал во Берлин (Берлинале). Претседателот на жирито, американскиот режисер Тод Хејнс, го опиша победничкиот филм како „медитација за љубовта“, оценувајќи дека е „уникатен, ироничен и со универзално влијание“.