1 (6) ■ вести > македонија ■ 05-Feb 18:20 -> 05-Feb 19:07
.
.
.
.

НА БРАЧНА ДВОЈКА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ, ИМ ФРЛИЛЕ ДОМА МОЛОТОВ КОКТЕЛ, ИМ ИСКРШИЛЕ ВОЗИЛО Тројцата измамници тврделе дека нивниот син им должи 10.000 долари

  • Уапсени тројца насилници, со закани изнудувале пари од брачен пар во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик, како и за еден 26-годишник осомничен за помагање при извршување на кривичното дело.

Тројца скопјани се осомничени за изнуда, односно со закани и заплашувања принудиле брачен пар да им исплати пари, кои наводно ги должел нивниот син кој бил во Америка.

2 (27) ■ вести > македонија > политика ■ 04-Feb 07:12 -> 05-Feb 18:50
.
.
.
.

Муртезани: Од бугарска страна стигнуваат пораки за подготвеност за дијалог

  • Муртезани на средбите во ЕП доби поддршка за европската перспектива на земјава

  • Муртезани во работна посета на Брисел

Претставникот на Бугарија во Работната група за проширување на ЕУ ми пренесе дека бугарската страна е подготвена за разговори и упатува позитивни пораки за воспоставување на дијалог, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој од вчера престојува во дводневна работна посета на Брисел, пренесе државната МИА.

Силната поддршка од Европскиот парламент за европерспективата на Македонија беше потврдена на денешните средби во Брисел на министерот за европски прашања Орхан Муртезани со европратениците Тајс Ројтен и Матеј Тонин, кои се известители на ЕП во сенка за земјава.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе оствари низа средби со високи претставници на Европската Унија, Европскиот парламент и Европскиот економски и социјален комитет, информираат од Министерството.

3 (33) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 04-Feb 15:32 -> 05-Feb 16:38
.
.
.
.

Предистражна постапка против вработени во МВР за злоупотреби при јавни набавки

  • Полициска акција се спроведува во врска со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР

  • Полициска акција во зградата на МВР

  • ОЈО вели во акцијата на МВР извршени се претреси на 16 локации

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи презема дејствија во предистражна постапка во предмет за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи околу спроведена јавна набавка во полицијата.

Полициска акција се спроведува во моментов во врска со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во Министерството за внатрешни работи.

Од претпладнево во тек е полициска акција во зградата на Министерството за внатрешни работи (МВР). Во изјава за „360 степени“, од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во Министерството.

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи презема дејствија во предистражна постапка во предмет за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи околу спроведена јавна набавка во полицијата, соопштија од скопското обвинителство.

5 (40) ■ вести > свет ■ 04-Feb 08:00 -> 05-Feb 18:42
.
.
.
.

Рубио го поддржува планот на Трамп САД да ја преземат контролата над Газа

  • Кризата на Блискиот Исток во фокусот на денешната средба Трамп-Нетанјаху

  • Дел од печатот во светот за намерата на Трамп да го „преземат“ Појасот Газа

  • Фидан: Неприфатлив планот на Трамп за Газа

Се чини дека американскиот државен секретар Марко Рубио го поддржа планот на претседателот Доналд Трамп да ја преземе американската контрола врз Газа, велејќи дека палестинската енклава мора да биде ослободена од исламистичката група Хамас.

Кризата на Блискиот Исток ќе биде главна тема на разговор на денешната средба, кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе стане првиот странски лидер што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп по неговото враќање во Белата куќа.

Претседателот Доналд Трамп сака САД да го преземат Појасот Газа и да го развијат економски.

Турскиот шеф на дипломатијата го критикуваше предлогот на претседателот Доналд Трамп САД да го преземат Појасот Газа и да ги преселат Палестинците во други земји.

7 (38) ■ вести > свет ■ 03-Feb 08:02 -> 05-Feb 13:36
.
.
.
.

ЗА МИР ВО УКРАИНА: Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин и другите сили за завршување на војната

  • Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје

  • НАТО МУ СПРЕМА „ИЗБОРИ“ НА ЗЕЛЕНСКИ? Руските служби тврдат дека украинскиот лидер е трн во окото на Вашингтон

  • Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин и другите сили за завршување на тригодишната војна.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сугерираше дека Соединетите Држави, доколку веќе не се подготвени да го поддржат членството на Украина во НАТО, би можеле да обезбедат алтернативна безбедносна гаранција во форма на нуклеарно оружје.

НАТО подготвува операција од големи размери за дискредитација на Володимир Зеленски, вклучително и објавување информации за тоа како властите во Киев присвоиле повеќе од 1,5 милијарди долари, објави Руската служба за надворешно разузнавање (СВР), . Надворешноразузнавачката служба на Русија вели и дека еден од начините за „ослободување“ од Зеленски е преку „псевдодемократски избори“ кои би можеле да се одржат најдоцна до следната есен.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто објавено на ЈуТјуб каналот на „Пирс Морган нецензурирано“ (Piers Morgan Uncensored) изјави дека САД заработиле милијарди долари од војната во Украина, благодарение на големите договори за вооружување.

9 (18) ■ вести > македонија ■ 03-Feb 10:55 -> 05-Feb 14:18
.
.
.
.

Судскиот совет веќе ги разгледува списите од претходните случаи на обвинетиот Васил Јованов, вели Камбовски

  • Камбовски за случајот на смртно прегазената Фросина: Не би сакал во вакви моменти на чувства да се носат избрзани одлуки

По изнесените забелешки во јавноста во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, денеска, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, посочи дека комисија на Судскиот совет веќе ги разгледува списите и ќе постапи по сите забелешки на јавноста.

Судскиот совет будно го следи случајот со смртно прегазената Фросина Кулакова од Неготино, уверува претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски.

10 (11) ■ вести > македонија ■ 05-Feb 14:55 -> 05-Feb 16:02
.
.
.
.

Да не се подлегнува на провокации, лажни вести и шпекулации – реакција на Основен кривичен суд Скопје за случајот со Фросина Кулакова

  • Кривичен: Јованов сторил сообраќајка за која во согласност на Јавен обвинител платил казна

Судиите и Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен кривичен суд Скопје денеска во соопштение до медиумите изразуваат длабоко жалење за загубениот млад живот на Фросина Кулакова во сообраќајната несреќа која ја потресе јавноста и, како што наведуваат, поттикнати од бурните реакции во јавноста по повод донесената неправосилна пресуда за Васил Јованов за сосема друг случај, како судии ценат дека е потребно да се обратат до јавноста со цел заштита на угледот на судиската функција, но и демантирање на сите шпекулации и лажни вести.

Судиите и Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен кривичен суд Скопје изразува длабоко жалење за загубениот млад живот при сообраќајната несреќа која ја потресе јавноста.

11 (6) ■ вести > македонија ■ 05-Feb 15:38 -> 05-Feb 18:01
.
.
.
.

По одлуката на Уставен, државата ќе им врати 49,2 милиони евра на компаниите

  • Уставниот суд го поништи Законот за данок на солидарност – државата ќе треба да врати околу 50 милиони евра на 156 компании

Државата ќе враќа 49,2 милиони евра на 156 компании кои вонредно и еднократно, а со цел ублажување од последиците на кризата беа оданочени во 2023 година, откако со мнозинство гласови Уставниот суд го поништи Законот за данок на солидарност .. Претседателот на судот дарко костадиновски соопшти дека одлуката била доенсена поради воочена повреда на владеењето на правото, ретроактивното дејство на Законот, погрешна примена на Европската директива и селективната солидарност...

Уставниот суд денеска со мнозинство гласови донесе одлука за поништување на Законот за данок на солидарност.

12 (27) ■ вести > македонија ■ 04-Feb 10:13 -> 05-Feb 16:18
.
.
.
.

Почит кон трагично загинатата Фросина: Апел до угостителските објекти во Неготино викендов да се воздржат од музика

  • В сабота протестен марш за правда за Фросина во Неготино: „Стоп за сообраќајното насилство“

  • Марш во Неготино: Угостителите да се воздржат од музика овој викенд во чест на Фросина

Преку фејсбук група се апелира до сите угостителски објекти во Неготино, викендов да се воздржат од музика во чест на 22 – годишната Фросина Кулакова која беше усмртена на улицата „Партизанска“ во Скопје.

В сабота во Неготино ќе се одржи протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи.

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи во сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот преку Фејсбук групата посветена на градот.

13 (77) ■ вести > македонија > политика ■ 03-Feb 10:45 -> 05-Feb 10:37
.
.
.
.

Мицкоски: Гоце Делчев е дел од македонскиот идентитет

  • 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

  • Мицкоски: Делчев е наш великан кој е дел од македонскиот идентитет, неговото дело не смее никогаш да биде заборавено

  • Сто педесет и три години од раѓањето на Гоце Делчев

Гоце Делчев е дел од македонскиот идентитет и неговото дело не смее никогаш да биде заборавено.

Денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Премиерот Христијан Мицкоски на целата македонска јавност го честита родениот ден на македонскиот великан, идеолог и јунак Гоце Делчев.

Во земјава денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Повеќе од
оваа категорија

20 (56) ■ спорт > кошарка > нба ■ 03-Feb 07:20 -> 05-Feb 16:53
.
.
.
.

Шек за дебелиот Дончиќ: Подобар е од 99,9% од НБА бековите

  • Далас ќе им ги враќа парите за годишните билети на незадоволните навивачи по заминувањето на Дончиќ

  • Атмосферата во Далас е како на погреб: Навивачите ги оставаат дресовите пред Арената (Видео)

  • „Се надевам дека Дончиќ ќе постигне 100 поени против Далас“

Лука Дончиќ е главна тема на американските медиуми по најголемиот трејд во НБА во последните триесет години, во кој Словенецот стана член на Лос Анџелес Лејкерс.

Се уште трае шокот меѓу навивачите на Далас по трејдот на најдобриот кошаркар Лука Дончиќ во редовите на ЛА Лејкерс, благодарение само на генералниот директор на Далас Маверикс, кој се откажа од 25-годишната суперѕвезда.

Малку бизарна ситуација се случува во Далас, бидејќи навивачите се простуваат од Лука Дончиќ така што ги оставаат неговите дресови пред арената.

Трејдот на Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес Лејкерс продолжува да биде една од најкоментираните теми во кошаркарската заедница.

Повеќе од
оваа категорија

50 (6) ■ бизнис > економија ■ 05-Feb 12:14 -> 05-Feb 12:56
.
.
.
.

Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети

  • НАФТАТА ЌЕ ОДИ НАГОРЕ, А ЗА ХРАНАТА ИМА УБАВИ ВЕСТИ, СЕ ОЧЕКУВА СМИРУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ - НБМ ја намали основната камата на 5,35 отсто

Каматната стапка на благајничките записи се намалува за 0,2 п.п., останатите каматни стапки се непроменети, одлучи Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на вчерашната седница на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Благо намалување на основната камата на Народната банка, за 0,2 проценти поени, со што таа сега е на нивото од 5,35 проценти.