Денеска пред јавноста ги објавуваме доказите кои потврдуваат дека вицепремиерот Изет Меџити незаконски ги заобиколувал институционалните процедури, со цел лично да одлучува кои документи и предмети ќе бидат одобрени или стопирани.
Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека секој можел да прави списоци за вработување е јасна потврда дека списоци за робусно вдомување на 3.000 партиски војници постојат, обвини СДСМ.
Од синоќа, но и рано утринава, Демократското движење најави прес-конференција на која, според најавата, се очекуваше изјава да даде лидерот на партијата, а воедно и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Целосно се неточни и злобно конструирани со политичка заднина обвинувањата на ДУИ дека Државниот управен инспекторат утврдил злоупотреба на службената положба и одземал надлежности на министерот за животна средина Изет Меџити, соопшти Министерството за јавна администрација.