Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесена е одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.
Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со вчерашните обвинувања на скопската градоначалничка Данела Арсовска, истакна дека државата има институции и ги повикуа да постапуваат за случајот.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека во нападот при увид на дивоградба во скопската општина Чаир врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска имало физички контакт, но, дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на една од националните телевизии изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто беше вклучена градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, појасни какви дејствија презело Министерството и ја повика Арсовска да не бега од МВР и од институциите.