Во декември минатата година стапка на невработеност во ЕУ изнесувала 5,9 отсто што претставува раст во однос на ноемвриските 5,8 проценти, додека на ниво на Еврозоната таа била 6,3 отсто и исто така бележи зголемување за 0,1 проценти поени споредено со претходниот месец, соопшти Европската статистичка служба – Евростат.
Индустриското производство минатата година, во однос на 2023 година, е намалено за 3,6 %. Во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од претходната година, индустриското производство бележи пад од 1,4 %, соопшти Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 10%, во секторот „преработувачка индустрија“ бележи опаѓање од 1,1 %, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ пораст од 5,7 %. Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хартија и производи од хартија, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.