Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, изјави дека темата за инцидентот со пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска за неа е завршена и дека се фокусира на својата работа.
Ја разбирам хистеријата која СДС и нивните ботови ја шират околу мојот политички дуел во сообранието со Славјанка Петровска, напиша министерката за финансии Димитриеска-Кочоска . „Замислете да не беа овие квалификации, редица навреди и лажни обвинувања што ги упатуваат кон мене која сум исто жена, што друго ќе се паметеше од денешната седница.
Пратеничката Славјанка Петровска, запрашана зошто веднаш реагирала за навредите испратени од министерката за финансии, рече дека излегла на собраниската говорница и кажав дека „поставив прашање на кое не добив одговор, а дека не е моето ниво да ги коментирам ваквиот тип на напади и дискриминација“.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, ја осуди денешната изјава на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, упатена кон пратеничката од СДСМ, Славјанка Петорвска.