1 (4) ■ вести > македонија ■ 25-May 08:28 -> 25-May 11:15
.
.
.
.

Најмногу дожд во Крива Паланка, Виница и Струмица

  • ▷ Дожд викендов во целата држава, најмногу во Крива Паланка, Виница и Струмица

Најмногу воден талог во изминатите 24 часа до 8 часот утрово од 20 л/м2 е измерен во Крива Паланка, Виница, Струмица.

Низ цела Македонија, викендов има врнежи од дожд, а во изминатите 24 часа, најмногу дожд 20 литри на метар квадратен се забележани во Крива Паланка, Виница и Струмица.

2 (83) ■ вести > македонија > политика ■ 23-May 07:30 -> 25-May 11:15
.
.
.
.

Филипче: Конструктивни сме кога е во интерес државата, в понеделник ќе понудам конкретни точки за лидерска средба

  • Филипче: Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци

  • Филипче: Владата воведе данок на иднината, а под хипотека се неколку идни генерации

  • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше најлошиот министер за здравство, ветуваше „европско здравство“ а создаде „Менгеле здравство“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во понеделник, на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието, ќе предложи конкретна агенда составена од најважните точки поврзани со реформскиот пат и националните интереси, за кои најголемите политички партии треба да разговараат на лидерска средба.

МИА„Да се задолжи земјата 6 милијарди евра и да не се каже кои се условите за заемот, колкава е каматата, кои се роковите е ненормално “, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во синоќешната средба со членството во Гостивар.„Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци и сето тоа се крие со еден стратешки договор со Велика Британија.

Логични и легитимни се нашите прашања за Договорот со Велика Британиј, ниту ние ниту јавноста не знае ништо за тој договор, ниту кој е рокот, ниту колкава ќе биде каматата, изјави денеска од Охрид претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.

Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија.

3 (73) ■ спорт > фудбал ■ 23-May 06:07 -> 24-May 20:36
.
.
.
.

Moдриќ испратен како вистински крал

  • Солзите сами течеа… Анчелоти: Ќе го паметам секој ден што го минав во Реал Мадрид

  • Модриќ во солзи се прости од Реал, ги прегрна децата и сопругата по натпреварот

  • Модриќ и Анчелоти денеска последен пат на „Сантијаго Бернабеу“ (ФОТО)

Фудбалерите на Реал Мадрид и Реал Сосиедад формираа човечки коридор за да го испратат играчот од средниот ред на „Кралскиот клуб“, Лука Модриќ.

Максимално емотивно беше попладнево во Мадрид, на мечот во кој Реал славеше над Реал Сосиедад со 2-0 во последната рунда од Примера дивизион.

Лука Модриќ денеска го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид.

Денеска за Лука Модриќ и Карло Анчелоти мечот од последното 38. коло во Ла ЛИга против Реал Сосиедад, е последен меч во составот на Реал Мадрид.

15 (27) ■ вести > македонија ■ 23-May 05:02 -> 24-May 18:30
.
.
.
.

ИЈЗ отвора телефонски линии за информирање за Mpox: Позитивните во добра состојба, нема нови случаи

  • Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници, отворени две телефонски линии за информации

  • ИЈЗ: Немаат симптоми лицата со кои биле во контакт заразените со мајмунски симапници

Институтот за јавно здравје, конкретно епидемиолози од ИЈЗ, исконтактираа со контактите на позитивните лица со Mpox кои тие ги посочија и истите немаат никакви симптоми на заболување.

Од: А1он Отворени се две нови телефонски линии за информирање на граѓаните и здравствените лица со мајмунските сипаници.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека епидемиолози искомуницирале со контактите на позитивните лица со Mpox (мајмунски сипаници) и истите посочиле дека немаат никакви симптоми на ова заболување.

17 (21) ■ вести > македонија ■ 24-May 09:47 -> 25-May 08:57
.
.
.
.

Тага и солзи на маршот во Кочани: Ако има нови осомничени ке одиме, досега никој не не викнал

  • Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

  • „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“ - порака од родителите од Кочани

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седмиот „Марш за ангелите“.

Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ утре попладне ќе го одржат седмиот „Марш за ангелите“.

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седмиот „Марш за ангелите“.

Повеќе од
оваа категорија

26 (32) ■ спорт ■ 23-May 10:14 -> 25-May 11:15
.
.
.
.

Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив

  • Минов: Да навиваме фер и со срце - Напред Алкалоид!

  • Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

  • „Еноси“: АЕК се надева на пресврт во Скопје

Ракометарите на Алкалоид се подготвуваат за реваншот со АЕК в недела во финалето на ЕХФ Европскиот куп.

Драга публико, почитувани навивачи, наш осми играч на теренот, во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб АЛКАЛОИД со фер и спортско навивање, изјави Горан Минов, претседател на РК „Алкалоид“.

Извор/ rkalkaloid.mk Еден натревар, 60 минути го делат РК Алкалоид од трофејот во Европскиот куп.

Одиме да испишеме наша историја и да имаме помалку чувства на каење отколку во првото финале, бил коментарот на тренерот на АЕК Фредерик Бужан во пресрет на реваншот со Алкалоид в недела, според спортскиот портал „Еноси“, што е специјализиран за вести поврзани со екипите на АЕК во сите спортови, јави дописничката на МИА од Атина.

Повеќе од
оваа категорија

153 (5) ■ бизнис > економија ■ 23-May 08:15 -> 24-May 16:46
.
.
.
.

КИНЕЗИТЕ ДОМИНИРААТ ВО ЕВРОПА и покрај царините - ЕВЕ КАКО ИМ УСПЕВА

  • Кинескиот BYD во Европа продава повеќе возила од Tesla

Кинескиот BYD забележа историски успех во април оваа година кога за прв пат ја надмина американската Tesla во продажбата на електрични возила во Европа.

Кинескиот производител на автомобили BYD за првпат продал повеќе електрични возила во Европа од Tesla, според извештајот на компанијата за истражување на пазарот JATO Dynamics.Според извештајот, застарената понуда на модели и политичките ставови на извршниот директор Илон Маск ја нарушиле побарувачката за возилата на американскиот производител на електрични возила.BYD, кој исто така произведува и plug-in хибридни возила, регистрирал 7.231 батериско електрично возило (BEV) во Европа во април, додека Tesla регистрирала 7.165 возила, наведува истражувачката компанија, цитирана од Reuters.„Ова е пресвртна точка за европскиот автомобилски пазар, особено ако се земе предвид дека Tesla со години беше водечки производител на BEV возила во Европа, додека BYD официјално започна со работа надвор од Норвешка и Холандија дури на крајот од 2022 година“, изјави Фелипе Муњоз, глобален аналитичар во JATO Dynamics.Побарувачката за електрични возила во Европа останува стабилна.

183 (5) ■ бизнис > македонија ■ 23-May 11:22 -> 23-May 14:39
.
.
.
.

Божиновска: Потребна е координирана акција во борбата со аерозадувањето и систем кој нема да дозволи злоупотреби

  • Божиновска: Владата за зелена иднина

Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска на надзорната расправа за аерозагадувањето, што се одржува во Собранието, истакна дека Министерството е свесно за влијанието на традиционалните енергетски капацитети, но дека проблемот со загадувањето треба да се бара и во злоупотребата на системот односно користењето на штетни горива од сомнително потекло за лична и имотна корист.

На денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сања Божиновска.

201 (4) ■ бизнис > економија ■ 23-May 12:12 -> 25-May 07:45
.
.
.

OPEN AI ПОЧНУВА СО ПРОИЗВОДСТВО НА НОВ УРЕД, ГО ГЛЕДА ЦЕЛИОТ ЖИВОТ НА КОРИСНИКОТ: Алтман нареди: „Доставете ми 100 милиони од нив! “

  • Опен АИ работи на „револуционерен уред“ што би можел да го промени начинот на кој ја користиме технологијата

Добивај вести на Viber Нов придружник на вештачката интелигенција би можел да го редефинира начинот на кој го доживуваме секојдневниот живот, но исто така би можел да отвори прашања за приватноста Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, ги здружува силите со еден од најпознатите дизајнери на Apple, Џони Ив, за да развијат носливи уреди што ќе можат да го „гледаат“ целиот наш живот.

Еден ден откако го објави купувањето на стартапот за 6,5 милијарди долари, извршниот директор на Опен АИ (OpenAI), Сем Алтман, компанијата зад Чет ГПТ (ChatGPT), им објасни на вработените дека развива „таен уред“.

232 (3) ■ сцена > живот ■ 23-May 06:00 -> 24-May 15:45
.

НИШТО ОД УБАВИОТ ВИКЕНД: Доаѓа голем пад на температурите

  • МЕТЕОАЛАРМ ВИКЕНД НАЈАВА: Викендов ќе имаме многу врнежи и голем пад на температурите!

Добивај вести на Viber Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, за време на викендот (сабота и недела 24/25 мај) во нашата Република Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд кои ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со повремено засилен ветер од северен правец, особено во недела (25 мај). Локално ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град, прогнозира метеорологот Славчо Попоски.

Метео прогноза на Славчо Попоски Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, за време на овој викенд (сабота и недела 24/25 мај) времето во нашата Република Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни, проследени со локална појава на грмежи.