Facebook / Володимир Зеленський Украина сè уште се надева дека Германија ќе испорача оружје со долг дострел, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин.
Велика Британија, Франција, Соединетите Американски Држави, а сега и Германија, ги укинаа ограничувањата за дометот на оружје што го испорачуваат на Украина, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во интервју за телевизијата WDR.– Веќе нема никакви ограничувања за дометот на оружје испорачано на Украина – ниту од Британците, ниту од Французите, ниту од нас, ниту од Американците.
Германија ги укина ограничувањата околу дострелот на оружјето што и се испраќа на Украина за да напаѓа подлабоко на руската територија, изјави канцеларот на земјата, Фридрих Мерц.