1 (5) ■ вести > балкан > регион ■ 18-Mar 16:30 -> 18-Mar 16:57
.
.
.
.

НИ ВО ЕДЕН МОМЕНТ НЕ РАЗМИСЛУВАВМЕ ДАЛИ ДА ПОМОГНЕМЕ Бугарскиот министер за здравство ги посети повредените Македонци

  • Бугарски министер за здравство: Направивме навремена евакуација на настраданите во Кочани, никогаш не размислувавме дали ќе помогнеме

Направивме навистина една навремена евакуација на настрадните, би рекол повеќето деца, и тие беа сместени во бугарски медицински установи пред да почне евакуацијата на другите повредени, изјави министерот за здравство на Бугарија, Силви Кирилов.

Направивме навистина една навремена евакуација на настрадните, би рекол повеќето деца, и тие беа сместени во бугарски медицински установи пред да почне евакуацијата на другите повредени, изјави министерот за здравство на Бугарија, Силви Кирилов.

5 (4) ■ вести > македонија > хроника ■ 18-Mar 16:14 -> 18-Mar 16:44
.
.
.
.

Митрополитот г. Иларион повика и ги замоли сите граѓани да бидат кроти, смирени, трпеливи

  • Митрополитот на Брегалничката епархија ги замоли сите граѓани да бидат кротки, смирени, трпеливи

Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион повика и ги замоли сите граѓани да бидат кротки, смирени, трпеливи во овие тешки мигови.

Ги повикувам сите луѓе и ги замолувам да бидат кротки, смирени, трпеливи, да не ги вознемируваме ниту упокоените, ниту нашите страдални болни,туку со молитва кон Бога, со трпение, со смирение да се подготвиме и починатите да ги испратиме во вечноста и болните да се молиме Господ Бог да ги исцели и да ги излечи, истакна во своето денешно обраќање Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион по несреќата во дискотеката во Кочани, каде што згаснаа животите на 59 лица.

6 (25) ■ вести > македонија > регион ■ 18-Mar 08:24 -> 18-Mar 13:30
.
.
.
.

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

  • Таравари во придружба на грчките заменик-министри за внатрешни и надворешни работи ќе ги посетат повредените во Солун

  • Муцунски и Таравари стигнаа во Солун: Повредените се во добри раце

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски и д-р Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти.

Повредените во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во две солунски болници, утрово ќе ги посети министерот за здравство Арбен Таравари, а ќе го придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-шефот на грчката дипломатија Тасос Хаѕивасилиу, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари утрово се во посета на повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во две солунски болници, а министрите ги придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-министерот за надворешни работи Тасос Хаѕивасилиу, јави дописничката на МИА од Атина.

Повеќе од
оваа категорија

66 (39) ■ спорт > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Mar 09:14 -> 18-Mar 16:24
.
.
.
.

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ ЗА АНДРЕЈ Хрватска Горица се прости од својот поранешен фудбалер

  • Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров, им подлегна на повредите добиени од пожарот во Кочани

  • Андреј Лазаров е добар, згрижен е во болница во Штип

  • Фудбалерот на Шкупи, Лазаров повреден во пожарот во Кочани, но не е во животна опасност

Хрватскиот прволигаш Горица се прости од својот поранешен фудбалер, 25-годишниот Андреј Лазаров, кој денеска трагично го загуби животот по повредите здобиени во пожарот што избувна за време на концертот на ДНК во кочанската дискотека „Пулс“.

Фудбалерот Андреј Лазаров кој имаше 25 години и беше помеѓу повредените за жал во болницата во Штип го загубил животот.

Голем број семејства и пријатели утрово трагаат и по голем број лица кои биле присутни во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која синоќа во огромна трагедија загинаа повеќе од 50 млади лица.

Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров е хоспитализиран по големата трагедија ноќеска во Кочани.

Повеќе од
оваа категорија

140 (5) ■ бизнис > економија ■ 17-Mar 20:06 -> 17-Mar 21:29
.
.

СКСМ: Азески ја поддржа намерата на Владата за одговорност за трагедијата во Кочани

  • АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и членките на Комората изразуваат длабока жалост и сочувство кон сите настрадани и повредени лица и членовите на нивните семејства во трагедијата во Кочани, потенцирајќи дека Владата на премиерот Христијан Мицкоски одговорноста мора да ја издигне на највисок пиедестал.

Бротчето во Охрид, автобусот кај Ласкарци,авионите во Охрид и Скопје, модуларната болница во Тетово и последниот случај во Кочани со дискотеката „Пулс“, ја потврдија тезата дека не успеавме да изградиме држава која структурално ќе функционира во интерес на граѓаните, туку живееме во држава која 34 години после својата независност сеуште работи во корист на нивната штета.