1 (6) ■ вести > македонија > политика ■ 29-Mar 09:28 -> 29-Mar 10:41
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: Дволичноста на СДС е доказ дека сакаат селективна правда

  • ВМРО-ДПМНЕ: Дволичноста на СДС, сè уште не смогна сили да се огради од мали Фрчко и да побара истрага

СДС се дволична партија и секојдневно докажуваат дека сакаат селективна правда.

Дволичноста на СДС е доказ дека сакаат селективна правда, наместо да се оградат од мали Фрчко и да побараат истрага од институциите, тие продолжуваат да молчат.

12 (43) ■ вести > македонија ■ 27-Mar 13:57 -> 29-Mar 11:17
.
.
.
.

СДСМ: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

  • МЖСПП: 200 илјади евра казна за БУЛМАК поради истекување технолошка вода

  • Митовски: Крива Река е опасна за животот на луѓето, загадени и земјоделските насади, бараме кривична одговорност

  • Митовски: По хаваријата во „Тораница“ 10 пати зголемена концентрација на олово во Крива Река, бараме кривична одговорност

Соопштение од СДСМ: Се што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива Река и другите реки од тој слив.

БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка е казнет со 200 илјади евра за инцидент во кој пукнала цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација.

Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден по хаваријата во рудникот Ораница е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето долж течението на реката, но и на флората и фауната.

Извештајот од испитаните примероци на водата во Крива Река земени еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ покажува дека концентрацијата на олово е зголемена за десет пати повеќе од дозволеното, а за неколку стотици пати на цијанид, фосфор и азот, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

13 (38) ■ вести > свет ■ 28-Mar 09:34 -> 29-Mar 10:06
.
.
.
.

Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада

  • Американскиот геолошки институт предвидува дека илјадници луѓе најверојатно загинале во Мјанмар

  • Најмалку еден загинат, еден исчезнат и 50 повредени во уривање на зграда во Бангкок по земјотресот

  • Би-Би-Си: Зошто е тешко да се добијат информации од Мјанмар

Бројот на загинати во Мјанмар по вчерашниот голем земјотрес со интензитет од 7,7 степени по Рихтеровата скала се искачи на 1.002, додека 2376 се повредени, а 30 се водат како исчезнати, објавија денеска државните медиуми.

Американскиот геолошки институт на својата веб-страница напиша дека илјадници луѓе најверојатно загинале во Мјанмар по разорните земјотреси, со оглед на очигледната јачина на земјотресите.

Најмалку едно лице загина, а 50 други се повредени откако висококатница во изградба се урна во Бангкок по силниот земјотрес што во петокот го погоди соседен Мјанмар, соопштија тајландските власти.

Со Мјанмар од државниот удар во 2021 година управува воена хунта, што го отежнува пристапот до информации, јави Би-Би-Си. Државата ги контролира речиси сите локални радио, телевизија, печатени и онлајн медиуми.

Повеќе од
оваа категорија

20 (29) ■ спорт > фудбал ■ 27-Mar 08:40 -> 29-Mar 11:06
.
.
.
.

Ѓоковиќ: Му се восхитувам на Меси, првпат ме гледаше во живо

  • Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Му одзеде уште еден на Федерер

  • Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мајами

Новак Ѓоковиќ одигра одличен меч и со 2-0 во сетови го победи Григор Димитров за пласман во финалето на турнирот во Мајами каде што ќе води битка за својата 100-та тиула во кариерата.

Новак Ѓоковиќ продолжува да бележи победи на Мастерсот во Мајами и да поставуваат рекорди.

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мајами откако го совлада американскиот тенисер Себастијан Корда со 6:3, 7:6 (7:4). Мечот беше израмнет на стартот, Американецот одлично сервираше до осмиот гем кога Ѓоковиќ си ја најде „слабата точка“, го скрши, а потоа рутински го приведе сетот до крај.

Повеќе од
оваа категорија