1 (8) ■ вести > свет > регион ■ 11-Mar 00:58 -> 11-Mar 08:19
.
.
.
.

Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради

  • ВУЧИЌ ВЕЌЕ НЕМА ДА ЈА ТОЛЕРИРА „ОБОЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА“ Ќе биде уапсен секој што ќе врши насилство

Стотици демонстранти од доцна синоќа почнаа со блокада на јавниот сервис на Србија во Белград, протестирајќи против начинот на кој беше дефинирано студентското движење против корупцијата за време на телевизиска програма.

Повеќе од седум часа трае блокадата во Белград на влезовите на зградата на државната радио-телевизија РТС што почна синоќа, а за која студентите најавија дека ќе трае до 22 часот синоќа.

2 (26) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 10-Mar 18:04 -> 11-Mar 08:12
.
.
.
.

Полициска акција и претреси: Медиуми објавуваат дека приведен е и Ратко Капушевски

  • УАПСЕН Е БИЗНИСМЕНОТ РАТКО КАПУШЕВСКИ Поранешниот директор на „Борис Трајковски“ е приведен за сомнителни набавки на деривати

  • (Видео) И Васко Ковачевски е опфатен во истрагата во која се приведени Капушевски и Јахоски

Неофицијално, попладнево е уапсен бизнисменот и поранешен директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски, објавија повеќе медиуми.

Поранешниот директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и бизнисмен, Ратко Капушевски попладнево беше уапсен во неговиот, а според информациите на Плусинфо, полицијата со претрес на локацијата.

Уапсени се Ратко Капушевски, сопственикот на РКМ и Асмир Јахоски, газдата на Пуцко Петрол.

3 (29) ■ вести > македонија ■ 09-Mar 08:39 -> 10-Mar 18:06
.
.
.
.

Трендафилов: Наместо разбирање од Владата за покачување на платите, ние добивме ниски удари!

  • ВМРО-ДПМНЕ: ССМ е партиски огранок на СДС, а Трендафилов претседател на општински штаб

  • ССМ најавува големи протести на 2 на 7 април и на 2 мај доколку не дојде до договор за минималната плата

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска одговори на нападите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои обвинија дека Трендафилов соработува со СДСМ, и затоа се барањата за повисоки плати.

ССМ е партиски огранок на СДС, а Трендафилов претседател на општински штаб, чекаат од партија да им кажат што да бараат, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија на денешната прес-конференција најави 3 големи протести доколку не се дојде до договор за минималната плата со Владата.

4 (23) ■ вести > македонија > политика ■ 10-Mar 12:19 -> 10-Mar 17:18
.
.
.
.

СДСМ: Андоновски го призна скандалот со тендерите, итно да си поднесе оставка

  • Кузеска: Скандал во Министерството на Андоновски- жената државен секретар, мажот добива тендери

  • СДСМ: Во министерството на Стефан Андоновски тендери добивал сопругот на државната секретарка

Андоновски ги призна и ги потврди информациите на СДСМ, а со тоа и скандалот во кој тендерите во неговото министерство ги има добиено сопругот на државната секретарка Гордана Клинчарова, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како одговор на денешната прес-конференција на министерот за дигитална трансформација.

Денес продолжуваме со објавување на серијата скандали поврзани со тендерските мрежи на ДПМНЕ.

Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска, објавувајќи договори што биле склучени меѓу Министерството за дигитална трансформација и фирма од Скопје, обвинуваат за скандал во оваа државна институција во кој, како што рекоа оттаму, има конфликт на интерес.

7 (12) ■ вести > македонија ■ 10-Mar 18:38 -> 11-Mar 08:24
.
.
.
.

СРЕДБА НИКОЛОСКИ – ПОС: Се разгледува можноста Скопје и Прага да се поврзат со авиолинија

  • Се разгледуваат можностите Скопје и Прага да се поврзат со авиолинија и да има нова авиолинија Охрид – Карлови Вари

Поврзување на Скопје со Прага, соработка меѓу двата аеродроми и воведување на нови авиолинии, беа тема на разговорите помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и Јири Пос, претседател на Бордот на директори на aеродромот Вацлав Хавел – Прага, на средбата што денеска се одржа во Прага.

Поврзување на Скопје со Прага, соработка меѓу двата аеродроми и воведување нови авиолинии, биле тема на разговорите меѓу заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Јири Пос, претседател на Бордот на директори на aеродромот Вацлав Хавел – Прага, на средбата што денеска се одржала во Прага.

8 (20) ■ вести > свет ■ 09-Mar 13:51 -> 10-Mar 14:45
.
.
.
.

Новиот премиер на Канада веднаш зазеде тврд став кон Трамп:„Некој се обидува да ја ослабне нашата економија“

  • Новиот канадски премиер, Марк Карни, вети победа во трговската војна со Трамп

  • Канадските либерали избираат наследник на Трудо среде трговската војна со САД

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидерство на канадската владејачка Либерална партија и ќе го наследи Џастин Трудо на премиерската функција, покажаа официјалните резултати објавени во текот на викендот.

Поранешниот гувернер на Банката на Канада, Марк Карни, победи во трката за нов лидер на владејачката Либерална партија и ќе го замени Џастин Трудо како премиер, покажаа резултатите објавени во неделата(9 март). Карни ја презема премиерската функција во време кога Канада е вовлечена во трговска војна со својот долгогодишен сојузник САД , а оваа година се очекуваат и парламентарни избори.

Канадската Либерална партија ќе го објави името на наследникот на премиерот Џастин Трудо како лидер на партијата и владата, во услови на трговска војна со Соединетите Држави која може тешко да ја погоди канадската економија.

12 (31) ■ вести > македонија > политика ■ 09-Mar 07:42 -> 10-Mar 16:32
.
.
.
.

Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД

  • Николоски: Пендаровски арогантно дели ,,ум” на светски лидери, а сам себе не се гледа

  • Милошоски: Пендаровски ако не може или не сака да и помага на Македонија на меѓународен план, барем нека не и одмага

  • Милошоски: Проценките на Пендаровски треба да се земаат со резерва, бидејќи немаат доследност

Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД.

Стево Пендаровски – човек кој два пати изгуби Претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, после 10 месеци реши да се појави во јавност и да го напаѓа Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката на САД и Претседателот Трамп.

СООПШТЕНИЕ – Тоа што Пендаровски јавно пласира навреди за САД и за нивниот новоизбран претседател може да се смета и како имплицитен став на СДСМ, но и како слобода на говорот.

Тоа што Пендаровски јавно пласира навреди за САД и за нивниот новоизбран претседател може да се смета и како имплицитен став на СДСМ, но и како слобода на говорот.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

106 (4) ■ бизнис > економија ■ 10-Mar 09:54 -> 10-Mar 11:03
.
.
.
.

Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан, вели професорката Кикеркова

  • Проф. д-р Ирена Кикеркова во „Бизнис-клуб“: Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан

Македонија е предводник меѓу балканските земји, па еден дел од проблемите во царинската соработка потекнува од тоа што нивото на дигитализација на царинското работење во Македонија е повисоко од она на земјите од Западен Балкан, па има проблем во поврзувањето со нив.

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ на Стопанската комора на Северна Македонија, гости кај претседателот Бранко Азески беа проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет при УКИМ Скопје и советникот на претседателот на Стопанската комора и претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора, проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при УГД Штип, кои се осврнаа на почетоците на соработката со Стопанската комора и на соработката со претседателот Азески, кој ги вклучил во активностите на Комората користејќи ги нивните методолошки и научни знаења и искуства за состојбите во економијата, ставајќи ги во функција на бизнисот и на поддршката на нивните извозни активности.