Антонио Конте изрази големо задоволство по најновите случувања во Серија А, каде што Наполи, клубот кој тој го предводи, се искачи на врвот на табелата и сега е во одлична позиција да се бори за Скудетото.
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека клубот од Неапол мора да ги искористи максимално сите ресурси ако сака да ја освои титулата во Серија А. Во неделата, Наполи се искачи на првото место на табелата во Серија А откако го победи Торино (2:0) на домашен терен, додека Интер беше поразен од Рома (0:1) среде Милано.