Се одржа вонредната седница на Собранието на Град Нови Сад на која беше одбиен предлогот на опозицијата за разрешување на градоначалникот Милан Ѓуриќ поради трагедијата на Железничката станица.
Новисадската опозиција не успеа на бурната седница на градското собрание да го смени градоначалникот Милан Ѓуриќ, кого го сметаат за морално и политички соодговорен за несреќата на железничката станица кога 15 лица загинаа, а две беа тешко повредени, пишуваат регионалните медиуми.