1 (5) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Apr 19:34 -> 28-Apr 10:02
.
.
.
.

ВМРО: Филипче го следи Заев кој со рака на срце се колнеше во македонска жичка додека ја распродаваше

  • Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Венко Филипче се гордее со неговиот претходник, Зоран Заев и учи од него, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во денешната „Тема на денот“ на Сител рече дека не поседува заеднички бизниси, ниту заеднички недвижнини со претходниот лидер на партијата Зоран Заев.

4 (4) ■ вести > балкан > регион ■ 28-Apr 09:17 -> 28-Apr 10:00
.
.
.

НАТО ја презема контролата врз воздушниот простор над Хрватска: „Целата ескадрила е подготвена“

  • Земјите-членки на НАТО ќе вршат надзор на хрватскиот воздушен простор до крајот на оваа година

Хрватскиот вицепремиер и министер за одбрана Иван Анушиќ вчера изјави дека земјите-членки на НАТО ќе вршат надзор на хрватскиот воздушен простор до крајот на оваа година, или најдоцна до почетокот на следната година, до кога авионите „Рафал“ ќе бидат целосно опремени, а пилотите обучени.

Хрватскиот вицепремиер и министер за одбрана Иван Анушиќ вчера изјави дека земјите-членки на НАТО ќе вршат надзор на хрватскиот воздушен простор до крајот на оваа година, или најдоцна до почетокот на следната година, до кога авионите „Рафал“ ќе бидат целосно опремени, а пилотите обучени.

8 (7) ■ вести > македонија ■ 28-Apr 07:04 -> 28-Apr 09:24
.
.
.
.

Од следниот месец стартуваат новите авиолинии до Лион и Барселона

  • ТАВ Македонија и Виз Ер ќе информираат за авиолиниите од Скопје до Лион и Барселона

Генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт и Андраш Радо, раководител за комуникации во „Виз ер“ денеска на прес-конференција ќе информираат за новата авиолинија од Меѓународниот аеродром Скопје до Лион, како и за повторното воведување на летот од Скопје за Барселона, коишто според претходните најави, треба стартуваат на 3.ти следниот месец.

Генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт и Андраш Радо, раководител за комуникации во „Виз ер“ денеска на прес-конференција ќе информираат за новата авиолинија од Меѓународниот аеродром Скопје до Лион, како и за повторното воведување на летот од Скопје за Барселона, коишто според претходните најави, треба стартуваат на 3.ти следниот месец.

15 (4) ■ вести > македонија ■ 28-Apr 07:36 -> 28-Apr 08:19
.
.
.

Проверете дали ќе имате струја: ЕВН најави исклучувања за денеска

  • Повеќе скопски општини денеска без струја

Корисниците од ул. „Црноризец Храбар“ во општина Аеродром денеска од 8 до 13 часот ќе останат без електрична енергија, соопшти РЦУК-Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД. Од 8.30 до 13 часот струја ќе немаат дел од корисниците од с.Сарај – пат за Љубин (кај џамијата) во општина Сарај, а од 9 до 11.30 часот и поголем дел од корисниците од објектите со парен број на ул. „Иван Цанкар“ во населба Влае во општина Карпош.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Црноризец Храбар, општина Аеродром; – во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Сарај – пат за Љубин (кај Џамијата) општина Сарај; – во периодот од 09.00 до 11.30 часот, поголем дел од корисниците од објектите со парен број на улицата Иван Цанкар во населба Влае, општина Карпош; – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Елисе Поповски Марко, Киро Гавриловски, Антон Панов, општина Центар; – во периодот од 09.00 до 14.30 часот, едл од корисниците од ул. Франц Прешерн со бр. од 20 до 40, општина Карпош; – во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците на ул Поп Богомил и трнодол, општина Карпош.

Повеќе од
оваа категорија

26 (7) ■ спорт > фудбал ■ 26-Apr 20:11 -> 27-Apr 20:34
.
.
.

Манчестер Сити е во финалето на ФА Купот на Англија

  • Астон вила немаше решение за Сар, Кристал Палас прв финалист во ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер Сити сепак ќе се бори за трофеј оваа сезона откако „граѓаните“ се пласираа во големото финале на ФА Купот, откако попладнево на „Вембли“ славеа во полуфиналната пресметка против Нотингем Форест со 2-0. Нотингем има сезона од соништата во Премиер-лигата, но „шумарите“ попладнево беа шокирани по нецели две минути колку што им требаше на „граѓаните“ да поведат со 2-0. Поради ова „црвено-белите“ мораа да го променат пристапот, да ја отворат својата игра повеќе од вообичаено, но сепак се мачеа да го загрозат голот на Сити.

Екипата на Кристал Палас е првиот финалист во ФА Купот каде што се пласираше со денешниот триумф над Астон Вила од 3-0. Кристал палас предводен од одличниот Сар одигра на високо ниво и заслужено обезбеди место во битката за трофејот.

59 (5) ■ спорт > македонија ■ 27-Apr 10:49 -> 27-Apr 17:08
.
.
.

За Кочани: Пандев, Најдоски и Шаќири против Стоичков и Костадинов – фудбал Македонија против Бугарија

  • Фудбалски легенди на Македонија и Бугарија денеска на хуманитарен натпревар за Кочани

Хуманитарниот натпревар е во организација на бугарската Фондација „Национали 94“, зад која стои славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година Фудбалските репрезентации на Македонија и Бугарија денеска во Варна ќе одиграат хуманитарен натпревар, а целиот приход од натпреварот ќе биде дониран за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Хуманитарен натпревар меѓу репрезентации составени од фудбалски великани на Македонија и Бугарија ќе се одигра денеска во Варна, а целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во кој загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени.

Повеќе од
оваа категорија