Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати сочувство по масакрот што се случи вчеравечер во Цетиње, Црна Гора, во кој се убиени 12 лица.
Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ свика вонредна седница на Советот за национална безбедност за утре, 3 јануари, поради трагичниот настан што се случи на Цетиње.
Црногорската полиција објави фотографија од Ацо Мартиновиќ, осомничен за повеќекратно убиство во Цетиње, објави . Во полициското соопштение пишува дека во пукање во угостителски објект Мартиновиќ убил најмалку четири лица, меѓу кои и членови на неговото семејство, по што вооружен го напуштил објектот и побегнал.
Министерството за надворешни работи упати сочувство по масакрот во Цетиње, Црна Гора.