1 (8) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 04-Nov 19:00 -> 05-Nov 16:12
.
.
.
.

Шестгодишно дете со серизони повреди откако го искасало куче

  • Кавадарци: Тешко повредено 6-годишно дете откако било искасано од куче на сограѓанин

Дете се здобило со сериозни повреди по каснување од куче во Кавадарци.

Вчера во 09.25 часот во ОВР Кавадарци, Џ.М.(23) од село Ваташа, кавадаречко, пријавила дека на 03.11.2024 на улица „Крсте Мисирков“ во Кавадарци, додека се шетала со нејзиниот шестгодишен син, детето било каснато од куче сопственост на М.И.(51) од Кавадарци, кое било оттргнато од случајни минувачи.

2 (9) ■ вести > македонија ■ 05-Nov 14:57 -> 05-Nov 15:53
.
.
.
.

Град Скопје апелира до Трајко Славевски да ја стави иницијативата на приватните превозници на разгледување пред советниците

  • Град Скопје: Непринципиелната политика, личните интереси и партиските приоритети сѐ уште се тактика на мнозинството во Советот

Град Скопје во денешното соопштение до медиумите апелира до претседателот на Советот Трајко Славевски веднаш да ја стави иницијативата за барањето на приватните превозници за разгледување пред советниците со цел деблокирање на овој сегмент од јавниот превоз во главниот град.

Од Град Скопје велат дека по вчерашната прес конференција на приватните превозници евидентно е дека непринципиелната политика, личните интереси и партиските приоритети сѐ уште се тактика на мнозинството во Советот на Град Скопје предводено од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за која цената ја плаќаат граѓаните на градот Скопје.

7 (32) ■ вести > балкан > регион ■ 04-Nov 18:23 -> 05-Nov 12:31
.
.
.
.

Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада

  • По трагедијата: Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија

  • По несреќата во Нови Сад, падна првата оставка

  • Српскиот премиер ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво Горан Весиќ

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, денеска поднесе оставка од функцијата поради несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 14 лица, пренесе Бета.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, најави дека утре ќе поднесе оставка по трагичниот инцидент на Железничката станица во Нови Сад, во кој загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре ќе поднесе оставка, по несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени, јави РТС.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ . Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и додаде дека не се сомнева оти министерот не е субјективно виновен за тоа што се случи во Нови Сад.

13 (96) ■ вести > свет > политика ■ 03-Nov 05:44 -> 05-Nov 16:12
.
.
.
.

Харис ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети засилена безбедност во регионот

  • Харис вети поддршка за македонските идентитет и јазик, Трамп најави економска соработка и безбедност

  • Би-Би-Си: Десет причини зошто и Трамп и Харис би можеле да победат

  • Нова анкета: Камала Харис го престигна Трамп во Ајова

Потпретседателката на САД и демократска претседателска кандидатка Камала Харис изјави дека доколку биде избрана за претседател ќе ги поддржи земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и продолжувањето на евроатлантските интеграции, додека поранешниот американски претседател и Републиканскиот кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и зајакнување на безбедноста во тој регион.

Доколку биде избрана за претседател на САД, потпретседателката и демократска кандидатка Камала Харис кажа дека ќе ги штити правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонските идентитет и јазик, додека поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и безбедност на Западен Балкан ако тој победи на изборите во вторник, објави Гласот на Америка на македонски.

Еден ден пред претседателските избори во САД, трката за Белата куќа е во ќорсокак - и на национално ниво и во секоја американска држава поединечно, пишува Би-Би-Си. Еден ден пред претседателските избори во САД, трката за Белата куќа е во ќорсокак - и на национално ниво и во секоја американска држава поединечно, пишува Би-Би-Си, со оценка дека анкетите се толку блиску, што и републиканскиот и демократскиот кандидат, Доналд Трамп и Камала Харис, би можеле да победат со поен или два.

Демократската претседателска кандидатка на САД, Камала Харис, го надмина републиканецот Доналд Трамп во Ајова, при што жените гласачи веројатно се одговорни за промената во државата која Трамп лесно ја доби во 2016 и 2020 година, според новата анкета на Des Moines Register/Mediacom во Ајова објавена вчера.

15 (76) ■ вести > македонија > политика ■ 04-Nov 08:47 -> 05-Nov 14:46
.
.
.
.

СДСМ во Собрание поднесе закон за укинување на ДДВ на основните прехранбени производи

  • СДСМ: Владата нема решение – ние ќе предложиме вистински мерки за намалување на цените на производите

  • Филипче: До 2.000 денари ќе се штеди месечно на храна, СДСМ поднесува закон за намалување на цени

  • Филипче: Во секој следен циклус на избори ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Укинување на пет отсто данок на додадена вредност на основните прехранбени производи, со што месечно би се штеделе од 1 200 до 2 000 денари предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска го поднесе во Собранието.

Владата на Христијан Мицкоски се покажа неспособна да го реши постојаното зголемување на цените на производите и целосно ги разочара граѓаните, обвини СДСМ.

Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

Подготвени сме да одиме на избори од денеска натаму.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

126 (12) ■ бизнис > економија ■ 03-Nov 12:33 -> 04-Nov 07:48
.
.
.
.

Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава

  • Министерството за енергетика започнува со доделување 6000 ваучери за инвертер клима-уреди во рамките на програмата за енергетска ефикасност

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е почнато доделувањето ваучери за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди, наменети за домаќинствата кои ги исполнуваат критериумите на јавниот повик, објавен на веб-страницата на Министерството за економија на 1 февруари 2024.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека започна процесот на доделување потврди-ваучери за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима-уреди.

137 (6) ■ бизнис > економија ■ 04-Nov 08:53 -> 05-Nov 09:07
.
.
.
.

Нафтените деривати поевтинија од полноќ

  • Од полноќ: Се намалуваат цените на бензините, поевтинува и дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалија за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.