Од денеска стапуваат во сила царините од 25 отсто што американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за увоз на челик и алуминиум во Соединетите Американски Држави.
Канадската покраина Онтарио објави дека веднаш ја зголемува цената на електричната енергија за 25 проценти за американските домаќинства, како одговор на царините што неодамна ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.
Премиерот на Онтарио, Даг Форд рече дека покраината нема да отстапи откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни зголемувања на царините како одговор на извозниот данок на електрична енергија од Онтарио од 25 отсто.
Премиерот на канадската покраина Онтарио, Даг Форд, денеска изјави дека привремено го суспендира планираниот намет од 25 отсто за извоз на електрична енергија во САД, откако американскиот секретар за трговија, Хауард Латник, се согласи на обновени трговски преговори.