Актуелниот шампион на Италија, Интер го доживеа првиот пораз во Серија А по пауза од два месеца откако вечерва загуби на гостувањето кај Болоња со 0-1. Голот за победа, домаќините го постигнаа во 94. минута, а беше дело на Орсолини кој на фантастичен начин, со волеј, прифати една топка и ја смести во мрежата на „нераѕурите“.
Трката за титулата во Калчо-лигата од денеска стана суперинтересна откако Интер загуби на гостувањето против Болоња со 1-0, по што „нероаѕурооте“ сега се израмнети со Наполи на делба на првото место на табелата.